Исмет си бара сродна душа: Имам германска пензија и би сакал да најдам здрава жена која ќе ме слуша

  • By klaster3
  • април 30, 2022
  • 0
  • 385 Views

„Која и да ја сакам, нејзините деца се лутат и таа ми вели да ги прашам нив. Која и да ми ги спомне децата, знам дека нема ништо да биде. Да ги прашував децата, никогаш не би видел жени“, вака започнува Исмет.

Исмет Имамовиќ, 73-годишен пензионер од Тарево во општина Кладањ во БиХ, бара партнерка. Исмет има висока германска пензија од околу 14 илјади куни и е задоволен од пензионерските денови во родниот град.

Она што потешко го поднесува е осаменоста, па бара сродна душа. Благодарение на видеото на Јутјуб, приказната на Исмет го привлече вниманието на многумина.

Местото од каде што доаѓа не е големо, но и покрај тој факт, тој не може да најде жена во него. Проблемот на Исмет се најчесто потомците на неговите избранички.

– Која и да ја сакам, нејзините деца се бунат. Да прашував деца, досега никогаш немаше да видам жени. Барам жена за себе, не ми е гајле дали им одговара на нејзините деца или не – се жали Исмет.

И додека тој зборува за тоа како нашол некои жени, тие секогаш му велат дека мора да се видат и да го прашаат нивниот син за дозвола.

Ама и Исмет е пребирлив, не ги сака сите. Не би сакал помлада, се плаши како ќе испадне, оти веќе еднаш се изг орел. Затоа тој ги таргетира оние кои не се помлади од 55, па до 60 години и постари.

Тој сака и неговата избраничка да биде слободна, за, како што вели, да не ја носи на су д и да плаќа адвокати. Тој само бара сродна душа, со која би ги минувал пензионерските денови.

– Работев во Германија 37 години во рудник. Би сакал да најдам солидна жена, без кавги. Мојата сопруга по чина пред три години, а бевме во брак околу 50 години – изјави Исмет.

Имамовиќ не се грижи за религија или нација. Нему му е важно жената да е добра, здрава и да слуша. Вели дека не би му пречеле ниту децата на избраничката.

– Не пијам и не пушам. Имам и деца и внуци, но за жал, внуците доаѓаат само кога ќе останат без пари – додава тој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.