Лебот во цела Европска унија никогаш не бил поскап од сега, објави европската статистичка служба „Евростат“, но ниту една земја од Европската Унија не регистрирала поголемо поскапување на лебот од Македонија.
Според последните податоци кои ги објави сојузот на синдикати на Македонија, лебот во земјава за една година поскапел за 100%.
Во Македонија, лебот кој лани ова време се продаваше за 25 денари, сега чини околу 50 денари. Земјава има и најскап леб во регионот. Според податоците за јули, во Македонија лебот чинел 0.81 евро, што е речи си двојно повеќе од Србија каде се продавал за 0,42 евра по векна.
Македонија има и речи си двојно повисока инфлација од европскиот просек. Во Европа во август инфлацијата достигнала 9,1% на годишно ниво, а во Македонија 16,8%
Од друга страна, потрошувачите во Македонија се жалат дека печивата во малите занаетчиски пекари се многу скапи. Наша читателка Ивана истакна дека непријатно се изненадила кога видела дека килограм кифлички без фил чини 500 денари.
– Сите зборуваме за тоа колку поскапе месото, а ова е поскапо од речиси сите видови месо, а се состои само од брашното, водата, маслото и квасецот.
Побарав четири мали кифлички, а кога ми рекоа дека ќе чини околу 90 денари, им се заблагодарив и си излегов, раскажува Ивана и додава дека за тие пари може да купи кило и пол леб.
Скоро секој работник во земјава неколкупати неделно купува пекарски производи за доручек на работа, а во последно време сите се жалат дека цените се енормно зголемени.
Ивана вели дека геврекот со семки сончоглед, афион што редовно го купува чинел 25 денари, а сега чини 35 или 40 денари. Обичниот геврек од 15 се покачи на 30 денари.
Како што забележува, четвртина бурек пред шест месеци чинел најмногу 55 денари, а сега почнува од 60 па нагоре зависно од филот.
Додава дека многумина од колегите, па и самата таа, кои порано купувале од пекарите сега веќе се откажуваат и од дома си нсат спремано јадење поради високите цени.
На порастот на цените на пекарските производи во последните три месеци најмногу влијаеја зголемувањето на платите на работниците, поскапувањето на горивата и на суровините за полнење печива.
Големите индустриски пекари произведуваат занемарливи количества пецива, додека малите занаетчиски пекари покриваат 85 отсто од пазарот.