Иако не се нејзини, Скопјанка се грижи за над 15 деца: Тоа не го правам за пари, сакам да ги изведам на вистински пат

  • By admin
  • септември 12, 2022
  • 0
  • 428 Views

Семра и Метин се деца без родители кои биле оставени во сиропиталиште. Но тие воопшто не го чувствуваат недостигот од родителска љубов бидејќи за нив се грижи госпоѓата Фикрије Арулау од Скопје, односно од село Морани.

Веќе 20 години г-ѓа Фикрије се грижи за деца без родители. Таа вели дека сега се грижи за на над 15 деца кои ги зела од Центарот за социјална работа.

Таа вели дека е среќна со овие деца и дека нејзината цел е на овие деца да не им недостига ништо.

-Ова не го правам за пари. Сакам да ги изведам на вистинскиот пат, за Бога го правам ова. Само за Бога, да им помогнам, бидејќи греота се, треба некој да им подаде рака, вели Фикрије.

Не дека таа нема деца, таа израснала 5 свои деца, но вели дека желбата за да им помага на децата е многу голема.

Пет се мои, 3 ќерки и 2 синови. Најголемата има 36 години. Тие како ги пречекуваат децата? Добро, многу ги сакаат, рече Фикрије.

 

Семра сега има 7 години. Вели дека за неа се грижи уште кога имала само 5 месеци. Таа и се обраќа со Мамо. Грижата за децата ја прави со многу љубов бидејќи многу ги сака децата, затоа вели дека ова воопшто не и е тешко.

-За мене не е воопшто тешко, навикната сум со деца и сум човек што многу ги сака децата. Многу ги сакам децата, вели Фикрије.

-Семра кога ја родила мајка и, и ја одзела државата, немала услови за да ја чува, татко и проси на семафори, а мајка и има и ментално нар ушување, бол на е, повеќе е во Бардовци отколку дома, рече таа.

За грижата за овие деца до сега добила по 12 илјади денари, а сега последниот пат добила 17 илјади денари, но вели дека оваа сума воопшто не и е важна.

-Не е работата за 12 илјади денари или ќе биде 30 илјади, не се доволни, бидејќи си 24 часа врзан за тие деца, работата е да направиме добро дело за вечноста, бидејќи животот во овој свет е краток.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ21

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.