Зоран Заев му ја исполни големата желба на својот син Душко

  • By admin
  • јули 23, 2021
  • 0
  • 3304 Views

Во интервјуто за емисијата „Конфликт зоун“ премиерот Зоран Заев зборуваше и за исходот од претстојниот попис, за кој изрази уверување дека ќе биде точен и успешен и на ниеден начин нема да влијае врз правата на граѓаните од етничките малцинства.

„Во април го одложивме пописот во последен момент на барање на опозицијата која тоа го постави како услов за да го поддржи пописот. Пописот ќе се одржи во септември.

Ние сме една од ретките земји која немала попис повеќе од 20 години. Правата на нашите граѓани нема да зависат од пописот, затоа што постои уставна гаранција која се однесува на нашите малцинства и нивните права. Сите имаат еднакви права и еднакви обврски, на што сме исклучително горди.

Проектот „Едно општество“ е мошне успешен проект кој може да биде навистина добар пример што доаѓа од Северна Македонија“, подвлече премиерот Заев.

Тој истакна дека правата на нашите граѓани од албанска етничка припадност се загарантирани со Уставот, како што се загарантирани правата на Македонците или на помалите етнички групи.

„Правата на нашите граѓани не зависат од бројките, бидејќи правата се загарантирани со Уставот. Охридскиот рамковен договор беше нешто што го реши проблемот помеѓу граѓаните од различна етничка и религиска припадност.

Деновиве бележиме дваесетгодишнина од склучувањето на овој договор и сега сите политички партии се борат за граѓански права, а не за права на етнички заедници“, истакна премиерот Заев во интервјуто за емисијата „Конфликт зоун“ на „Дојче веле“.

Деновиве Зоран Заев го привлече вниманието на јавноста поради својот нов имиџ кој веднаш влегува во очи.

Имено Заев реши да пушти нешто подолга брада и веднаш ова наиде на низа коментари и многумина се прашуваа за причините.

Премиерот Заев во изјава за ММС истакна дека на овој потег се одлучи поради неговиот син Душко за да му ја исполни желбата. Притоа Заев кажа дека му е убаво и дека воедно штеди 20 минути наутро.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.