За 8-ми март ќе биде весело во Германија – пристига македонската фолк ѕвезда

  • By admin
  • февруари 14, 2022
  • 0
  • 526 Views

За Анета Мицевска и Молика ако кажеме дека се едни од најбараните и најплатени фолкери кај нас нема да погрешиме. Ако за некој музичари или пејач во Македонија може да се каже дека е ѕвезда, тоа се токму тие.

За успешна музичка кариера потребен е глас, но и стас! Дека овие две компоненти одат рака под рака потврдува и Aнета Мицевска од составот „Молика“, која смета дека убавината без вокалот, но и обратно за на сцена не е доволна и вели дека она што е пријатно за уво, мора да биде и убаво за око.

Една од најпознатите македонски пејачки која воедно го поседува најмоќниот женски вокал во земјава, Анета Мицевска со публиката се дружи од нејзина 14 годишна возраст.

Таа вели дека иако е многу тешко да се издржи овој период без нивните свирки и дружбата со фановите, сепак мора да се продолжи напред и тоа само со позитивни мисли.

Кога ќе се спомне Анета Мицевска или попозната во јавноста како Анета Молика, секогаш се наидува на одобрение кај публиката. За Анета слободно може да се каже дека е најдобриот глас на фолк естрадата, впрочем тоа го кажува и самата публика.

Анета Мицевска Молика, во својата долгогодишна кариера, се покажа и докажа како еден од најдобрите вокали на македонската естрада. Токму вокалот е нешто што ја краси најмногу, иако и нејзиниот физички изглед е за десетка.

Како што е познато, тие се барани како кај нас, така и во дијаспората каде пред вирусот беа доста чести гости.

За нова година требаше да настапат во Шведска но поради мерките нивниот настан беше одложен и оставен за некои поубави времиња.

Сепак се чини ако нема некоја промена пак во последен момент, Анета конечно ќе се врати на настапите во странство и тоа во државата каде што живеат и работат голем број Македонци.

Таа на својата фејсбук страна објави дека за денот на жената, 8-ми март ќе настапи во Германија.

„Почитувани фб пријатели ве известувам дека по долга пауза настапувам во Минхен, Германија по повод празникот на жената 8-март и сабота 12 март 2022.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.