Oд Германија за Македонците пристигна уште една неповолна вест

  • By admin
  • јуни 14, 2021
  • 0
  • 12006 Views

Како што е познато Македонија беше избришана од германската листа на ризични земји поради Ковид-19. За македонските граѓани кои ќе патуваат во Германија, повеќе нема да важат строгите ограничувања поради коронавирусот.

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

Германија од „црвената листа“ на ризични земји поради коронавирусот од недела 13. јуни ќе ја отстрани Македонија, како и други земји од Западен Балкан, соопшти вчера германскиот институт Роберт Кох (РКИ)

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

Од овој момент за влез во Германија по копнен пат за македонските граѓани целосно нема да важат корона-ограничувањата односно обврските за дигитална пријава на патувањето, за негативен ПЦР-тест, како и за карантин.

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

Оние, пак, кои со авион пристигнуваат на некој германски аеродром меѓутоа и натаму ќе мора да имаат потврда за негативен ПЦР-тест или потврда за прележан Ковид-19 или потврда за целосна вакцинација пред поаѓањето, се наведува во извештајот на Институтот Роберт Кох. (РКИ).

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

Македонските граѓани, се уште не можат да патуваат во Германија како туристи. Ова го соопштија денеска од Меѓународниот аеродром во Скопје извинувајќи се за информацијата што ја објавиле во саботата кога информираа дека македонските државјани можат да патуваат во Германија од туристички причини.

„Таа одлука не е на сила иако ние како аеродром добивме информација од нашите партнери дека македонските државјани ќе можат да патуваат без приложување на есенцијална причина за патување, а истата информација стоеше и во нашите авијациски системи каде што се ажурираат најновите правила/рестрикции за патување поради Ковид-19 кои важат за различни земји.

Во меѓувреме, добивме коригирана информација, дека во Германија сè уште не може да се патува од туристички причини и истото го споделуваме со вас. Ви се извинуваме за ненамерната грешка“, објавија од аеродромот.

Од Меѓународниот аеродром Скопје додаваат и дека се чекаат подетални информации од надлежните институции и од германската амбасада.

„Другите детали во информациjата што ја објавивме на 12-ти јуни 2021, се точни. Имено, Република С.Македонија повеќе не е на листата на ризични земји за Ковид-19 на Германија, што значи дека влезот во странската земја за македонските државјани е можен само доколку тие припаѓаат во т.н. есенцијални патници и притоа презентираат или негативен тест за Covid-19 или доказ за вакцинација.

Во исто време, електронски пополнет Формулар за локација на патници (Passenger Locator Form) повеќе не е потребен предуслов за качување во авион“ -велат од Меѓународниот аеродром Скопје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.