За влез во Германија во најава воведување нови мерки – ќе важат за сите, а познато и што се предвидува

  • By admin
  • јули 27, 2021
  • 0
  • 4386 Views

Поради растот на инциденцата, германската влада планира заострување на правилата за тестирање за сите патници. Во земјата не би можел да влезе никој кој не е вакциниран, има прележано Ковид-19 или покаже негативен тест.

Меѓу членовите на германската влада се шири стра вот од нов пандемиски бран. Откако портпаролката на владата Улрике Демер изјави дека се размислува околу воведување нови мерки доколку инциденцата продолжи да расте со сегашната брзина, сега и министерот за здравство Јенс Шпан најави заострување на правилата за влез во земјата за повратниците од годишен одмор и патниците.

Шпан планира сите кои не се целосно вакцинирани или прележале коронавирус, при влез во Германија да мора да покажат потврда за негативен тест за коронавирус.

Засега правилото важи само за оние кои во Германија доаѓаат со авион, но во иднина тоа би се однесувало на сите, и оние кои стигнуваат по копнен пат, и тоа без оглед дали подрачјето каде престојувале или од каде доаѓаат се смета за ризично или не.

Шпан порано во повеќе наврати токму повратниците од одмор во југоисточна Европа ги обвини за ширење на заразата. Моментно ниедна земја од ова подрачје не се смета за ризична поради коронавирус.

Според информации од владини кругови, во тек е координација меѓу министерствата за воведување на овие мерки. Наводно, на воведување задолжителен негативен тест се противи единствено министерката за правда, Кристине Ламбрехт од СПД, која задолжителниот тест го смета за несразмерна мерка имајќи ја предвид сегашната епидемиолошка ситуација во земјата и сѐуште релативно ниската инциденца, споредено со првиот квартал од годината.

Таа истовремено на угостителите во Германија им препорачува отворање на рестораните само за оние кои се комплетно вакцинирани, што Здружението на германски угостители Дехога веќе го отфрли.

Моментната инциденца во Германија е 14, релативно ниска, но таа, според зборовите на владината портпаролка Демер, расте со молскавична брзина: во рок од една недела се зголеми за 75 %.

До само пред една недела во најголем дел од земјата вредноста на инциденцата се движеше меѓу нула и пет. Во некои сојузни покраини, како најнаселената Северна Рајна Вестфалија, повторно се воведуваат построги мерки, како ограничување на бројот на муштерии во продавниците, повторно правила за носење маски во ресторан, а по само пет дена наново е забранета и работата на ноќни клубови и дискотеки. Во мнозинството градови, како Хамбург и Берлин, инциденцата веќе порасна на преку 25.

Токму затоа некои од познатите германски виролози ја поздравија иницијативата на министерот Шпан за задолжително тестирање на сите патници кои влегуваат во земјата.

Франкфуртскиот виролог Мартин Штирмер во разговор за јавниот сервис ЦДФ изјави дека патниците кои доаѓаат од странство го зголемуваат бројот на инфицирани во Германија.

Тој ја смета за неодговорна праксата според која дури и оние кои доаѓаат од подрачја со висок ризик, не се задолжени да се тестираат. Но, Штирмер обврската за тестирање по враќање од високоризични области би ја вовел и за оние кои се вакцинирани, поради фактот што е докажано дека и вакцинираните можат да се заразат со Делта варијантата на коронавирус.

Целата сторија може да ја проследите на Дојче Веле на македонски јазик

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.