Занаетчии се помалку, цената се поголема: Плочкарите заработуваат повеќе од лекарите

  • By klaster2
  • ноември 12, 2022
  • 0
  • 318 Views

Занаетчиството од ден на ден паѓа на грб на старите занаетчии, честопати и пензионери бидејќи други нема, а и младите што останаа држат добра цена или пак заминуваат в о странство на занаетот.

Има се помалку ковачи, столари, плочкари, кројачи. Златно вредни занаети од кој може добро да се заработува и опстанува.

Познатиот ковач Ѓуро Милановиќ, вели дека и неговиот татко се занимавал со оваа работа, а традицијата ја продолжил и по неговата заминување на другиот свет во 1994 година.

Го оставил дневникот на училиште и го зел чеканот во рака. Тој прави се за земјоделството и шумарството, бидејќи селото не може без ковач, пишува Глас Српске.

– Изработувам коси, секири, шипки, мотики и лопати. Сè попопуларни се и угостителските програмите, раженчињата, скари и сачевите – вели Милановиќ. Според него, младите ретко се одлучуваат за занает.

– Младите ако веќе се одлучиле на занает тука ќе го поднаучат и си заминуваат. Веќе обучував 35 од нив. Остануваат една година, а потоа заминуваат, најчесто во Германија – додава Милановиќ.

– Тврдам дека плочкарите сега се најбарани, дури мислам и подобро од лекарите. Наплаќаат по 10-12 евра по квадрат, а денес прават 15 квадрати без проблем – рече Милановиќ.

За да се биде се комоплетно занаетчијата мора да стекне знаење, но и да има малку талент и голема желба за работа без која не може.

– Ако има волја, младиот човек може брзо да научи, но најтешко е ковањето, затоа што треба да се има дарба, исто како уметниците вели Милановиќ.

Слично е и кога се во прашање столарите. Дека овие занаетчии се барани потврди и Зоран Грбиќ, кој благодарение на своето знаење има работено во повеќе држави.

– Јас сум во пензија, но и сега некој постојано ме контактира да работам, прифаќам нешто минимално, многу сум работел, објасни тој.

– Нема млади столари, а тие што брзо учат одат во странство. Тука е важна точноста, но се се стекнува со работа и желба за учење. На крајот од ова може добро да се живее, отсекогаш било така, но мора да се работи – изјави Грбиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.