Заев категоричен: За македонскиот идентитет и македонскиот јазик ниту имало, нити ќе има преговори

  • By admin
  • март 1, 2021
  • 0
  • 1077 Views

Додека Бугарите го фалат, Македонците осудуваат, факт е дека Ѓеоргиевски ја разбранува македонската и бугарската политичка јавност. По скандалозниот предлог за решавање на спорот со Бугарија, Ѓеоргиевски денеска се огласи на фејсбук и се понуди на дуел дури и со доктор на науки по историја.

Премиерот Заев пак се огради од него со образложение дека вчера разговарале и разјаснето било дека станува збор за лични ставови на Ѓеоргиевски, а не владини.

– Владата ниту преговарала, ниту ќе преговара за македонскиот идентитет и македонскиот јазик, а мислењето на нашиот коалициски партнер Љубчо Георгиевски е негово лично мислење. – изјави Заев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.