Елена Ристеска сврте нова животна страница: Почнав од нула, сосема сама

  • By admin
  • март 22, 2021
  • 0
  • 1574 Views

Несоменено, Елена Ристеска важи за една од најдобрите и најпопуларните македонски пејачка. Таа беше претставник ена Македонија на изборот на песна за Евровизија за 2006 со песната „Нинанајна“.

Елена официјално позната на Македонската публика и стана со победата на музичкото-реалити шоу – Плеј – потрага по ѕвезди. Нејзиниот деби сингл „Она Другото“, на авторскиот двоец – Дарко Димитров (музика, аранжман и продукција) – Александар Принц (текст), за која веднаш е реализиран и видео-спот, станува инстантен хит во Македонија.

Како резултат на тоа произлегува нејзиниот деби албум насловен како „Ден и Ноќ“. Албумот вклучува неколку песни кои исто така стануваат успешни хитови во Македонија и соседните земји.

Елена Ристеска со оглед на тоа што нема музички настапи, како и многу нејзини колеги реши да започне друг бизнис, а пред неколку дена преку својот профил на фејсбук таа напиша:

„Ако си успешен во нешто, или ќе те копираат, или ќе ти завидуваат, или ќе те мразат”.Достоевски

Јас немам проблем со ниту едно од трите нешта погоре набројани. Затоа што во најтешкиот период во целиот свет, одлучив да отворам нов бизнис од нула сосема сама и завртев нова животна страница.

Продолжувам со уште поголема страст и желба да го градам мојот сопствен бренд за козметика Ера косметикс со тоа што денес започнува кампањата за новиот производ ERA SHOWER GEL for women and for men.

Покрај ЕРА парфемите кои се’ повеќе освојуваат срца и задоволни љубители на парфеми,она што тестирачите на гелот за туширање го коментираа беше дека е нешто вистински вредно,дека буди чувство на мекост додека се користи.

Според мене, мирисните ноти на гелот кои се со слична арома како парфемите успеваат да ве однесат на некое егзотично место,тоа беше и целта на тимот. Исто како и во музиката така и секој мирис треба да ве обземе и однесе на некое друго место.

За потребите на кампањата изработивме нови фотографии со мојот тим Даниле Николовски кој овојпат се надмина себе си и изведе совршена шминка, па не беше потребна премногу постпродукциска корекција.

Нашиот нов соработник, талентираниот Иван Наунов позитивно ме изненади со чувството за добра фотографија и осветлување. Благодарност до сите останати во тимот кои придонесоа уште еден мој сон да стане јаве. Ваша, Елена Ристеска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.