Екс министерот Манчевски проговори и откри дека сега е раат откако се повлече од политиката

  • By klaster3
  • мај 5, 2022
  • 0
  • 424 Views

Дамјан Манчевски е поранешен пратеник од редовите на СДСМ и министер за информатичко општество и администрација во Владата во 2017 година. Оженет е и татко на двајца синови.

Тој во 2005 година дипломирал на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, насока Електротехника и телекомуникации, а во 2009 ги завршува и постдипломските студии на Универзитет Бирмингем – Обединето Кралство.

Професионално во политиката влезе во 2015 година, но во 2020та година поради приватен професионален ангажман одлучи да се повлече од сите функции во политиката.

– Причината за тоа е дека прифатив ангажман во приватниот сектор, која е неспоив со било каков политички ангажман. Како резултат на оваа одлука, покрај тоа што се повлеков од сите јавни функции кои ги извршував, поднесов оставка и од функциите потпретседател и член на Централниот одбор на СДСМ, соопшти Манчевски на својот Фејсбук профил.

Како гостин во емисијата Магазин на Сител ТВ, Манчевски зборуваше за тоа дали му недостасува политиката, како се снаоѓа во новата работа но и за приватниот живот.

Добил совет од роднина да бега од политика, но и од мотика, па денес не е во политиката туку менаџер во голема водечка компанија за медицински софтвер за менаџмент/

Како министер функционираше повеќе во централниот дел на Скопје, па вели дека и покрај тоа немало време за кафе паузи надвор, како што вели – кога си министер каква пауза, какво кафе..

Вели дека сега политиката не му недостасува зашто се прилагодил на темпото на работа и му се допаѓа начинот на кој функционира.

– Првите два месеца ми беше чу дно малку, меѓутоа сега не и мислам дека за тоа придонесе и самата фирма, начинот на кој се работи, се прилагодив. Имав прилично интензивна работа која траеше по цели денови.

Сега првпат сум повеќе дома, последниве две – три години малку повеќе време посветувам на семејството, па ако порано повеќе не ме гледаа дома, сега па децава кога ќе одам некаде каде одиш прашуваат. Жена ми не прашува кај одам, децата ме прашуваат.

Кога си министер одговараш пред сите, сега ми е малце чуд но што тие се навикнаа да сум малце повеќе дома, па кога евентуално не сум некои денови веќе е проблем.

Бев и во министерство за администрација и имаше период, се надевам дека веќе не е така, дека младите таму го гледаа спасот да ја градат својата кариера.

Кога ние бевме во средно никој немаше желба да работи во јавен сектор, секој сакаше да биде инженер, адвокат, професор, кој сакаше странство..такви беа амбициите и сите успеаја, објаснува Дамјан.

За себе вели дека не бил некој миленик на професорите, но му останало нејасно тоа што секогаш добивал петки по македонски јазик без книга да отвори. Затоа и денес го зафркаваат дека е политичар и знаел да се извади со зборување.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.