Бројката од 1197 новозаразени со ковид-19 во едно деноноќие, или пет пати повеќе во однос на вчера, регистрираше Министерството за здравство во последните 24 часа. По девет месеци, земјава повторно се соочува со четвороцифрени бројки на дневни инф екции.
Откриени се и девет случаи со омикрон и тоа при проверка на 24 заразени со Сарс-ков2, што дава висок процент од 37,5 отсто. Омикронот станува доминантен сој, велат епидемиолозите. Според нив, новогодишните празнувања си го земаат данокот.
Најмногу случаи има во Скопје – 766, по што следдуваат Битола со 94 и Прилеп со 56 новозаразени.
Докторот Нико Беќаровски вечерва се огласи на својот профил на фејсбук каде што напиша:
Почитувани членови на Комисијата за заразни болести
Ако уште утре не ги смените протоколите за изолација на контактите со Ковид болни и не го намалите времето за изолација на позитивните, НА 10.01.22 ЌЕ НЕМА КОЈ ДА РАБОТИ ВО ДРЖАВАТА !!!!
Сите ќе бидеме во изолација. Изолацијата на контактите при вака раширен Омикрон е неодржлива и без епидемиолошка оправданост.
Задолжителната изолација за позитивните треба да се намали на 7 дена.
Почитувани граѓани ако денес имавме 1197 позитивни со регуларно направени тестови, сигурно има уште >5000 кои се самотестирани и >25.000 недијагностицирани.
Добрата вест е што до крај на февруари ќе направиме колективен имунитет и за 8ми март ќе може пак да играте чочеци.
P.S. за Флурона и Иху некој друг дeн, премногу е за денес.