Владиците Петар и Агатангел се хоспитализирани во приватната болница „Систина“ откако добиле позитивен тест на вирусот објави Сител.
Владиката Петар за телевизијата изјавил бил хоспитализиран од 23 март, поради превентива од можни ком пликации. Сега се чувствувал добро, но го чека негативениот тест за да си оди дома. Апелира до верниците сериозно да ја разберат состојбата со вирусот.
Претседателот на Комисијата за односи со верските заедници, Даријан Сотировски, апелира и верските лица што поскоро да бидат опфатени со процесот на имунизација.
Пред неколку дена, верските лидери на средба со премиерот Зоран Заев упатија апел до сите верници да ги почитуваат мерките против ковид-19 донесени од Владата, особено во периодот во кој претстојат празници.
Докторот Нико Беќаровски го сподели линкот со погоре напишаниот текст, поточно веста за „Владиците Петар и Агатангел хоспитализирани поради ковид-19“
Притоа над истиот напиша текст во кој што вели:
Да се лежи од 23 март во приватна болница од “превентивни причини” е одраз на “христијанска скромност” на нашите владици. Човекот кој јавно ме пре кори дека вистински верник, не може да заболи од Корона, сепак и самиот се разболе.
ЗАКЛУЧОКОТ ДОНЕСЕТЕ ГО САМИ. Јас ќе му посакам што побрзо КОМПЛЕТНО оздравување и конечно да започне да шири верба, а не недоверба кон апелите од здравствените работници.