Диџеј Мац за денешните пејачи: Не се за потсмевање, за плачење се

  • By admin
  • ноември 12, 2022
  • 0
  • 321 Views

Важи за еден од најпознатие диџеи во нашата држава. Мац како што е познат во јавноста и на професионално поле или Марјан Петровски е еден од нашите јавни личности кои често се огласува на социјалните мрежи и без да трепне се што му лежи на срце искажува.

Марјан Петровски е човек со големо срце кој покрај музиката е познат и по хуманите работи и знае да помогне таму каде што е најпотребен.

Мац има учествувано во многу акции за собирање храна, и има пуштано музика на многу хуманитарни забави. Диџеј Матс инаку по професија е лаборант.

Па така во време кога запреа музичките настани тој потполно и се посвети на таа професија, но сега и се врати на својата прва љубов, музиката, а во меѓуврем и се ожени.

Секојдневно е активен на социјалните мрежи каде споделува моменти од приватниот живот, но и по некој статус во кој го искажува своето мислење во врска со она што се случува во земјава што беше случај и овојпат:

Ако порано се потсмевавте на некои од пејачите што денеска сепак им ги знаете песните на памет и им ги пеете.

Е истите тие правеа музика и хитови кои останаа. Јован Јованов,Елвир Мекиќ,Сашо (Пијан и Млад) Емил (М2 продукција) Група ИН,Група ХХЛ и така натака.

Ама затоа денешните пејачи не се за потсмевање, за плачње се. Ниту хитови,ниту изглед, ама баш ништо што е репер и пример за најмладите

Текстовите ужа сни,стајлинзи чуда,однесување нула, па тоа аутотјун да не е, се ќе биде циркузијада. Златно време никогаш нема да се врати.

Особено таквата музика што порано се правеше и се уживаше во неа. Ни остана само едно … а тоа е да ги слушаме и пееме хитовите од тоа време.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.