Димитар Атанасовски: Наместо да ги богатиме Србите и да им купуваме станови во Македонија, да се посветиме на македонската музика

  • By klaster3
  • август 29, 2022
  • 0
  • 519 Views

Едни од најпознатите македонски парови кои запловија во брачни води се секако Димитар Атанасовски и Сара Мејс кои неодамна се остварија во родителска улога по вторпат.

Сара Мејс долги години е на музичката сцена, како и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски, кој е присутен на ТВ екраните долги години и остави значен белег низ неколку емисии и квизови.

Димитар неодамна беше гостин во емисијата ,,Без Компас” каде отворено зборуваше за неговите идни планови, како на приватен така и на професионален план.

– Можам да кажам дека Сара е сега многу поспремна за второто дете, сега за сега оди се добро. Јас не бев ниту свесен кога станав прв пат татко.

– Гледав како Сара го носи тоа дете девет месеци, и одиш во кафеана пиеш со другарите и се како што е редот, но кога дојде моментот кога го земеш во свои раци тоа мало парче ,,месо” се се променува.

– Како пошла работата уште само јас и Сара не сме се развеле од естрадава. Како што вели нејзинот татко ,,Ние се уште сме во медот”, вели Димитар.

Живееме во модерно време, па не е тајна, како што самиот вели, дека низ дома активно учествува во сите обврски поврзани со неговото семејство и и помага на својата сопруга.

Димитар беше гостин во емисијата „Шоу Магазин“ на Сител каде подетално зборуваше за претстојниот Пиволенд кој од 31-ви август до 4-ти септември на плоштадот Македонија во Скопје во организација на Град Скопје.

Предвидени се две сцени во тек на пет-дневниот настан, и најавено е учество на повеќе од 50 артисти. ДНК, Бени и Нон Стоп, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Принц, Фолтин и многу изведувачи веќе се потврдени на официјалната страница на настанот.

– Идејата оваа година беше апсолутно да ги поддржиме македонските артисти, македонската музичка сцена од проста причина што и за нив беа панд емиски години и тие не можеа да работат.

Затоа оваа година решивме наместо да ги богатиме Србите и да им купуваме станови овде во Македонија, да се посветиме целосно на македонската музика заради тоа што сметам дека таа е музиката којашто треба да ја слушаат и млади и стари и тоа е музиката којашто остава трајни вредности во нашата држава.

Има повеќе од 50 артисти од проста причина што истовремено на плоштад Македонија ќе имаме два стејџа – едниот ќе биде главниот стејџ каде ќе бидат големите звучни имиња на македонскта сцена, а на крафт стејџот ќе имаме млади надежни алтернативни бендови, млади луѓе кои се на почеток на своја кариера, изјави Атанасовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.