Модната дизајнерка Ивана Кнез веќе долги години е во дизајнерските води и изгради име и се етаблираше како една од најуспешните во ова професија.
Таа исто така е љубител и на театарот и на сценската костимографија, а покрај другото, главна асоцијација и цел и е нејзиниот моден бренд ,,Дра ма”
Ивана доста успешно ги имплементира модните додатоци, сценската костимографија и дизајнерската облека под името на својот бренд, создавајќи еден свој мини универзум на македонската модна платформа.
Често сме сведоци и на нејзините соработки со познати лица од нашата јавна сцена, за кои вели дека и’ се повеќе пријатели, отколку бизнис соработници.
Овој пат Ивана Кнез беше гостин во емисијата ,,Без Компас” каде беше пречекана од двоецот Кристијан и Марко каде зборуваа за доста теми.
На прашањето на Марче која е најсакапиот фустан што го направила таа откри: Се уште го држам рекордот со фустанот што го направивме кој вредеше 7.000 евра.
– Ако кажеш дека овде си локален дизајнер авотматски те безвреднува. Ги има тие муабети ,, Абе ајде јас на неа ќе и дадам пари таа да ме спрема итн итн”
– Тука подобро би дале пари за некој бренд што му ја склопуваат чантата во кина за 2 евра а ке му ја наплатат 2.000 евра.
– Отколку овде каде што десетмина се трудат и даваат се од себе за да излезе нешто убаво, но тоа е, вели Кнез пред камерите на ,, Без Компас”
– Се уште го има тој син дром кај нас, се пресликало од родител на дете. Извинете ,,нови генерации” но исклучително сте неписмени.
– Во наше време читаш една книга пет дена и се уште не знаше на што си. Треба да вклучиш мозок, а сега се ти е достапно но нема мозок.
– За жал се уште е така, не само за мода и за други работи. Имав искуство слично и во апетка, каде едне господин бара одредени таблети.
– Па вели не ми давај од овде дај ми од ,,германските”. Додека децата не поченме да ги воспитуваме на друг начин за жал тоа нема да прекине, односно тие сфаќања.
– Политиката секаде е присутна и се се сведува околу неа и тoa ,,Чив си” и ,,На кого си”. Инаку Македонија е земја на таленти и има што да покаже.