Дејан Матиќ е на музичката сцена повеќе од 20 години, а малкумина знаат како беше да се биде тапанар пред да заплови во пејачките води.
Имено, тој ги земал првите хонорари како музичар, а сега се сеќава на периодот кога заработувал само за појадок и нешто ситно.
– Не бегам од тој период и од тие убави денови бидејќи беа навистина убави и среќни за мене. Се гордеев што сум тапанар, а патем сакав да пеам за своја душа.
– Имав свој тим за работа. По настапот секој пат се броев и секогаш имав пари за појадок. Еве јас толку заработив како момче“, изјави Дејан за ,,Нова” и додаде:
– Кога дојдов до бројката од 100- 150 марки, бев пресреќен. И тоа не се некои бројки, но во споредба со периодот пред да дојдам до тие пари, тие беа навистина големи.
– Работевме секоја вечер во таверни и белградски сплавови“. Беше друго време, некако поинаку, гостите се однесуваа кон изведувачите со поголема почит, а имаше луѓе од различни сфери“, вели фолкерот
Популарниот пејач Дејан Матиќ е слеп од раѓање, но не дозволил хенд икепот да му се одрази на животот, па едно време возел и автомобил.
Тој раскажа како се случило, па призна дека не сакал да се фали со тоа, бидејќи е свесен дека направил прекршок и дека тоа не е пристојно.
– Да, но не би зборувал за тоа јавно, но вистина е возев. Не се пофалив, со мене се возеле моите пријатели. Еден мој пријател рече да го раскажам тоа пред медиумите ќе биде најчитано уште тогаш.
– А јас пак мислам каков весник бе, па тоа е за зад решетки, вели низ смеа Матиќ кој заедно со својот брат направија големи кариери.
Како што истакна, кога би можел да вози никогаш нема да му здодее: Кога стартувам со моторот ниту еднаш не ми изгаснал на старт.
– Ако можев да возам стално никогаш не би го оставил автомобилот. Многумина ми велат дека би ми здосадило, а мислам дека никогаш нема, додава Матиќ