Дечиња од кочанско село Мородвис со денови гладуваат – веќе попладнево започна да пристига помош

  • By admin
  • март 24, 2021
  • 0
  • 1353 Views

Нов ден и нов апел за помош. Ова веќе станува реалност во Македонија. Денес пак на социјалните мрежи кружеше следниот апел:

Ги замолувам сите луѓе, кои се во можност да помогнат со храна за четири дечиња кои веќе неколку дена се гладни

По ова голем број хумани луѓе се одзваа, а хуманистот Александар Горгиевски неуморно продолжува секојдневно да оди и помага онаму каде што е потребно.

Акцијата е успешна на уште една фамилија помогнато. Трог ателна глетка разговарав со луѓето поточно со мајката на дечињата и потенцирано ми е што и е се потребно а сакам да го споделам со сите вас како и секогаш.

Перална е потребна под итно жената на рака пере. Мини Шпоре за готвење. Прибор сет чинии тенџериџа чашки вилушки ножеви.Кебиња постелнина перници.

Мајката бидејки долго време не била на лекар треба преку институциите да се прати лекарски тим и женава да се лечи од реуматоиден артритис и слабокрвност.

Под итно Градоначалникот на Зрновци да се информира и да се ангажира да прати медицински тим ве молам сите што го имате во пријатели да го тагирате за да знаат институциите каде да реагираат.

Многу се скромни луѓево не бараа ништо посебно. Овде ветувам ќе се вратам пак да им донесам ова што и фали не е тоа нешто што не може да се обезбеди сигурен сум заедно со моите сограѓани Штипјани. Ова за два дена ќе и го обезбедам. Александар Горгиевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.