Зоран Мијалков од Штип за многумина е познат, а за оние кои не го знаат да кажеме дека е човек кој е голем борец и кој често се залага за подобри услови на децата и родителите на децата со аутизам.
Мијалков говори дека денот му трае 48 часа кои се целосно се посветени на проблемите и потребите со кои се соочуваат долги години. За да биде животот уште посложен, а состојбата уште потешка, вели сега и помалиот син покажува знаци на имитационен аутизам.
Мијалков покрај сите свои проблеми важи за човек со големо срце кој многупати помогнал, а така ќе биде и овојпат.
Секојдневно сме сведоци дека се почесто голем број луѓе преку медиумите и социјалните мрежи кои се во незавидна позиција, бараат помош.
Зоран на својот профил на Твитер вчера сподели интересен твит кој привлече големо внимание, а во него се вели.
Шетам со комити и гледам дете на 9 години едвај носи дрво – Мама не работе, струјата исклучена па замоли за дрво едни луѓе, за да го исечам и ем ќе се грееме ем Мама ќе зготве јадење
За среќа другар е вратен од странство и ме праша за луѓе во потреба.Утре ќе им плате струјата.
Потоа под твитот тој остави низа коментариа, а еден од нив гласеше:
Дрва јас ќе им однесам неколку вреќи, другарот ќе им плате струјата и нај битно е да и најдеме работа
Во друг пак Мијалков велие – Сум осетил на своја кожаКриво ми е што многу вакви фамилии има и што за многу од нив и не знаеме дека се во мака.