Дедо Малиш од Македонска Каменица проговори за бизнисот стар 120 години кој го наследил

  • By admin
  • март 16, 2021
  • 0
  • 1874 Views

Добро познато е дека основниот продукт за прехранување а доста значаен на македонскиот народ без кој не може да се замисли една софра е лебот.

Во минатото речиси секоја фамилија од Македонска Каменица имало посеано барем една нива со јачмен, ‘рж, жито и останати житни растенија од кои може да се добие леб.

Потребно било цела година за да се добие брашното, процес кој се состои од сеење чекање на негово растење и созревање жетва која во тој период се одвивала рачно проследено со изворни осоговски жетварски песни, вршење со коњ и носење до најблиската воденица на мелење.

Во времето пред да се изгради езерото Калиманци во далечната 1969 година постоеле над 20 воденици денеска сликата е поинаква единствената која постои и ден денес се наоѓа во месноста стара чаршија поточно митревско маало а воденицата ја нарекуваат митревска разговаравме со господин Малиш Митревски еден од браќата сопственици кој ни ја раскажува приказната за нивниот наследен бизнис стар повеќе од 120 години.

Оваа воденици е стара над 120 години. Гредите за нејзина изградба се носени на рамо од едно планинско село, Пресека. Ние баравме оваа воденица да се реновира, да остане како најстар објект во градот. Се е тоа добро, но веќе нема живот, многу славо се сее.

Овој занает кој веќе полека но сигурно заминувс во историјата поради современиот живот и развојот на технологијата се помалку има работа за оваа дејност, живееме во време кога имаме готови производи кои ни ги задоволуваат нашите потреби.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на М нет ТВ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.