Грција со олеснување: Мерката што требаше да се прави при секое одење кај нив заминува во историја

  • By admin
  • март 3, 2022
  • 0
  • 376 Views

Нашиот јужен сосед Грција, поточно тамошната Влада ја прифати препораката на Комисијата на епидемиолози при Министерството за здравство на Грција за укинување на задолжителната маска на отворено и одлуката во сабота ќе стапи во примена.

Одлуката ја соопшти министерот за здравство Танос Плеврис, кој рече дека на денешната седница Комисијата предложила да се укине задолжителната употреба на маска на отворено.

Но, сепак, „останува си лна препорака за употреба на маска на отворени простори со гужва, како и за луѓе со фактори на риз ик за сериозни бо лести и невакцинирани лица“.

Додаде дека предлогот е прифатен од Владата, а деталите ќе бидат објаснети во министерската одлука што ќе биде објавена во Службен весник на Грција.

Претходно, во интервју за телевизијата „Скај“, Плеврис рече дека со укинувањето на задолжителното носење маса на отворено започнува постепеното олабавување на мерките во земјата

-Оценуваме дека до крајот на март ќе бидат укинати поголемиот дел од постоечките мерки и ако вака продолжи па ндемијата и се потврдат предвидувањата, Велигден и лето ќе бидат многу блиску до нормалата за вакцинираните, рече Плеврис.

Формуларот ПЛФ (Пасинџер Локатор Форум), што веќе 20 месеци е задолжителен за влез во Грција, без разлика дали станува збор за грчки државјани или странски туристи и независно од начинот на патување и влез во земјата, ќе се укине од 15 март 2022 година.

Конкретната обврска, како и за сите туристи, важи и за македонските граѓани кои патуваат кај јужниот сосед.

Министерот за туризам на Грција Василис Кикиљас денеска соопшти дека „по препорака од Комисијата на епидемиолози од Министерството за здравство, од 15 март 2022 година се укинува пополнувањето на формуларот Пасинџер Локатор Форум (ПЛФ) за сите посетители од сите земји за влез во Грција“.

Задолжителното пополнување на ПЛФ формуларот, Грција го воведе на 1 јули 2020 година и се уште е активен.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.