Груевски се наврати на деновите кога беше Министер и се пофали со своите достигнувања

  • By admin
  • септември 23, 2022
  • 0
  • 371 Views

20 години од изградбата на милениумскиот крст на врвот на Водно, денес еден со симболите на Скопје.

Кон крајот на 2001 година бев министер за финасии кога веќе зад мене беше реформата со воведувањето на ДДВ, денационализацијата и враќањето на старите заробени девизи и со голем елан и енергија ги привршувавме последните подготовки за реформата на платниот промет која требаше да започне на 1. Јануар 2002 година.

Со нејзино целосно спроведување наместо преку тогашниот Завод за платен промет кој беше некаков остаток од социјализмот, плаќањата се префрлаа да се одвиваат преку банките, впрочем како што е во целиот свет.

Покрај ова, паралелно се создаваа уште неколку целосно нови институции кои претходно не постоеја во Македонија и каде требаше да преминат огромниот број вработени од ЗПП со потребните дообуки, на чии подготовки паралелно и темелно се работеше во голема работна група на чие чело бев јас.

Тие институции беа централниот регистар (ЦР) кој подоцна во 2008 година светската банка го рангираше како најдобар во Европа и шести најдобар во светот, Агенцијата за работа со блокирани сметки(АРБС) 6-7 години припиена кин УЈП , Национална платежна картичка (НПК) која подоцна околу 2005 година владата ја продаде на позната Полска компанија , Клириншки интербанкарски системи (КИБС) преку кој се одвива платниот промет на сите плаќања во земјата до износ до 3 милиони денари (денес до 1 милион денари), а во народната банка (НБРМ) која беше дел од работната група паралелно се работеше на уредување на нов систем преку кои требаше да поминуваат плаќањата над тој износ.

Паралелно се вршеа и последните подготовки за воведување на фискалните каси во Македонија, а се спремаше и проектот PKI (public key infrastructure), кој за жал новата власт на СДСМ по 15 септември 2002 година без причина го стопираше и никогаш не се доврши, што оние кои ја разбираат оваа работа знаат дека е голема штета.

Тоа беа многу крупни и за мене лично како министер кој ја превзема одговорноста ризични реформи кои бараа огромна работа, многу знаење, силна концетрација, искусен тим и натчовечка посветеност. Во Министерството “вриеше” од активности и работа, беше многу “жешко”, се работеше по 12-15 часа без прекин.

Се менуваа многу закони, подзаконски акти и други регулативи. Се правеа и тестираа нови софтвери, набавки на хардвери, едноставно кажано “беше како во врел котел”.

Реформата имаше и скриени противници кои губеа одредени лични позиции или сакаа да создадат страв и недоверба, па мораше дополнително да се внимава на можно диверзии.

Генерално во земјата беше тешко бидејќи сеуште имаше остатоци од вое ните дејства поврзани со конф ликтот од 2001 година, па и во тој дел Министерството за финасии имаше големи предизвици за целосно и навремено буџетски подмирување на сите вонр едни финасиски потреби на безбедносните сили на земјата, што успешно и во целост го завршивме.

Ги бев моб илизирал најдобрите потенцијали во државата да помогнат во работната група/комитет за реформата на платниот промет, и во подгрупите или подкомитети како што ги викавме, од универзитетски професори, стручни и искусни лица од повеќе институции, банкари, софтверски инжињери, правници и додатно во некои делови и повремено ангажирани странски консултанти.

Најмала грешка можеше да доведе до ха ос и несогледливи последици и ш тети, при што најмала ште та ќе беше моја моментална оставка.

За разлика од времето кога се воведуваше ДДВто во април 2000 година, единствена предност ми беше што веќе беше создадена доверба во мене и мојот тим за тоа што го работиме, па јавноста, за разлика од кога се воведуваше ДДВто, беше релативно мирна.

Во таа гужва и во една таква навидум хаот ична но всушност многу прецизна работна атмосфера полна со ентузијазам и адрен алин, неколку дена пред новата година ми пристапи некој од соработниците и ме информира дека од сметките на расформираниот ЗПП остануваат некои слободни околу 200 милиони денари (приближно околу 3,3 милиони евра), за кои владата треба да одлучи како би се искористиле.

Тогаш се потсетив дека повеќе од една година, можеби две или три години низ неколку весници и неделници одеше јавен повик до граѓаните и фирмите за собирање донации за изградба на милениумскиот крст на врвот на Водно со анимирина фотографија од истиот како би изгледал кога би се направил.

Некоја НВО на ентузијасти и верници го водеа тоа од кои лично познавав само еден човек-поранешниот министер Ѓорѓи Наумов. Тие се немаа обратено до Министерството за финансии за финасиска помош. Веднаш го побарав по телефон Ѓорѓи Наумов, го прашав колку имаат собрано пари за крстот и колку што се сеќавам сумата беше ниска, околу 10 илјади евра од неколку годишните повици за донации.

Го прашав и колку е проекцијата за да целиот се изгради и по кратко време ме информира дека дека е 72 милиони денари, без изградба на замислените ресторанти во постаментот под него кои секако можеа да се изнајмат како простор на приватниот сектор.

Со така собрани информации и со идеја да се реализира проектот за крстот, побарав средба со премиерот Љубчо Георгиевски кого го информирав за сите околу 200 милиони денари слободни средства кои треба владата со одлука да ги распредели и му предложив 72 милиони од нив да се распределат за изградба на милениумскиот крст на врвот на Водно.

Тој со восхит го прими предлогот и веднаш договоривме како да се предложи на владата и да се донесе владина одлука. Стравувававме од можна негативна реакција на нехристијанските членови на владата и бевме договориле ако дојде до тоа.

Неколку дена или недели подоцна, ја информирав владата за слободните средства од трансформацијата на ЗПП и воедно го дадов предлогот 72 милиони денари да се пренасочат како донација на НВО за изградба на крстот.

Премиерот по моето излагање и предлог праша дали некој бара збор, но никој не отвори некоја суштинска дискусија и предлогот помина без било какви суштински забелешки или негодувања а парите за неколку дена легнаа на сметката на невладината организација иницијатор на крстот.

Понатаму работата си ја превземаа архитекти и градежни фирми па за рекордни 8 месеци се заврши и свечено се пушти милениумскиот крст во употреба.

Нехристијанските членови на воадата излегоа коректни и фер, но низ годините што доаѓаа вклучително кога јас станав премиер помагавме и за реконструкции на џамии, некогаш и учество во изградба на некои џамии, па можам да кажам дека во тој дел на верски прашања речиси секогаш имало разбирање и толеранција со ретки исклучоци.

Милениумскиот крст денес е еден од неколкуте карактеристични и препознатливи симболи на градот Скопје и на Македонија и Скопје веќе не може да се замисли без овој симбол.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.