Гордана Силјановска – Давкова: За жал има многу залутани луѓе во образовниот процес кои лечат комлекси

  • By klaster3
  • октомври 25, 2022
  • 0
  • 379 Views

Гордана Силјановска – Давкова е македонски универзитетски професор, правник, актуелен пратеник во Собранието на Македонија и поранешен кандидат за претседател на државата.

Основно и средно образование завршила во Скопје (1973). Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1978), каде што и магистрирала. Докторирала пред комисија предводена од проф. Франц Град со „Cum laude“ на Правниот факултет во Љубљана.

Давкова беше гостинка во емисијата Шоу Магазин каде зборуваше малку повеќе за нејзиното детство и нејзините блиски, за бракот, за работата како професор, но начна и дел од политичките прашања.

„Треба да се бо риме против неправдата. Инаку, веројатно не само по ликот туку и по карактерот јас сум многу слична на мојот бун товен татко кој на неполни 18 години избегал од дома во партизани.

Смешната приказна е што мојот дедо Кирил го испратил прво во Белград, па во Сомбор каде што имал брат што имал пекари. Мојот малолетен татко само што стигнал по неколку дена на чичко си му организирал штрај к затоа што ги експл оатирал вработените во пекарата.

Се разбира го избркал од таму и право во парти заните. Отсекогаш ми велел што и да се случува нивите да не ги продавате, земјата ќе ве храни“, вели Давкова.

Таа е професор на Правниот Факултет „Јустинијан Први“ во Скопје каде ги држи предметите: Конституционо право, Политички систем, Современи политички системи и Локална самоуправа.

„Студентите се смеат кога јас сум предавала дека ако е политиката уметност на можното, античкото сфаќање, тогаш бракот е уметност на неможното, но вреди да се проба и тоа.

Почнувате со фата лна вљубеност, па љубов, па пријателство, па непријателство, има драма тра гедија, комедија и најинтересно е што во определен момент кога е најпотребно се појавуваат децата. Тогаш целиот живот го промислувате низ нивна призма.

Не е само знаењето на факултет важно. Сте сретнале многу умни луѓе, а во комуникацијата имаат проблем. За жал некогаш и потоа и сега има многу залутани исфруст рирани луѓе во образоовниот процес кои си лечат комплекси на студентите.

Дека треба само од нив да учат и дека не им се достојни. Многу сум раазочарана од она што го видов во Собранието, патем предавам и Парламентарно право, ништо не е како во книгите“, заклучува професор Давкова.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.