Горан се огласи и сподели нов момент за потрагата по брат му Мартин во Грција

  • By klaster3
  • јули 28, 2022
  • 0
  • 395 Views

Мартин Јовановски исчезна пред 20 дена од плажата Мити во Посиди, на Халкидики, но ниту грчките служби, ниту пак волонтерите од Македонија досега не се откажаа од потр агата по него.

Претходните денови грчките служби го бараа 31-годишниот Мартин и кон турскиот брег на Егејското Море откако со бродови, дронови, кучиња трагачи беше пребарувано околу полуостровот Халкидики, посебно првиот крак Касандра. Од воздух е пребаран и делот кај Лезбос, Самос и Атос.

Со подводен дрон се пребаруваше и морското дно, но немаше никакви траги од исчезнатото момче. Неговиот брат и мајка се на Халкидики во исчекување на какви било информации за него.

Но, и покрај сите напори, денес од грчката организација ОФКАТ излегоа со ново соопштени во врска со потрагата која траеше 20 дена, но како што велат, напорите на сите кои учествуваа, за жа л не вродија со плод, велат од организацијата.

„Денеска се навршуваат 20 дена без Мартин. Напорите за негово лоцирање цело ова време за жал не вродија со плод иако ги „измешавме“ морето, копното и небото со секакви средства што ќе ги обезбедиме ние и сите државни субјекти!

Мартин не „припаѓа“ на морето. Мартин припаѓа на земја и таму во одреден момент мора да се „врати“. Па да го оставиме морето неколку дена да си ја заврши „работата“ со надеж дека во одреден момент ќе ни врати.

Се согласуваме со неговото семејство и еве зошто нема да дозволиме случајот да се „затвори“. На крајот на краиштата, ние го дадовме нашето ветување на неговата мајка, Лидија и на братот, Горан Јовановски дека ќе го најдеме Мартин. Истрагите сега продолжуваат на… „друго“ ниво“ наведуваат од грчката организација ОФКАТ.

Неговиот брат Горан навремено ги споделува сите потребни информации поврзани со потрагата по неговиот брат, па така и овојпат се огласи на неговиот Фејсбук профил каде напиша:

„Од Срце им се заблагодаруваме на сите хумани граѓани и сите волонтери што помогнаа во потрагата на Мартин Јовановски. Од денеска ги затвараме броевите и сметките за донација.

Потрагата се уште ќе продолжи и ќе продолжиме да бараме се додека имаме услови и средства. Доколку има доброволци со Дрон или волонтери со лиценца за чамец(или човек што има искуство со пента) ве молиме пишете во групата Сите за Мартин.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.