Горан Пандев се огласи пред вечерашниот натпревар- со моќна порака

  • By klaster2
  • март 29, 2022
  • 0
  • 223 Views

Македонската фудбалска репрезентација ги живее најубавите мигови во нејзината историја. Сплотеност и единство како никогаш досега.

Имаме животна шанса да се пласираме на едно светско првенство, да потврдиме дека не случјано бевме дел од Европското првенство.

Ова е златна генерација која постепено растеше заедно, спој на младост и искуство, репрезентација која игра со срце и душа.

Големата Италија падна на колена, иако како голем фаворит не успеа против македонските рисови. Кој не направија горди.

Сега пред нас претстои уше едена пречка наречена Португалија, можеби во овие баражи ги добивме најсилните противници.

Но се покажавме како мајстори за фаворити. Најпрво победувајќи ја Германија на нејзин терен, а потоа актуелниот европски шампион Италија.

Португалија пак е предводена од еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо. Екипа составена од ѕвезди.

Но таква беше и ситуацијата со Италија, па со голот на Александар Трајковски и тоа во последните минути од натпреварот за да биде послатко ги испративме со наведнати глави.

Изминатово Европско првенство беше последно за нашиот најодбар фудбалер во историјата а воедно и најдобар стрелец- Горан Пандев.

Тој ги закачи копачките на репрезентативен план, а клубски ќе биде активен до лето каде ја игра последната сезона во кариерата во Парма.

Тој беше незаменлив, беше алфа и омега во репрезентацијата, капитенски ја водеше низ сите води нашата репрезентација и кога бевме на дното и кога сме помеѓу најдобрите.

На не го не му преостанува ништо друго освен да ги бодри своите поранешни соиграчи и секако да им подели по некој совет.

Тој во пресрет на вечерашниот одлучувачки дуел со Португалија се огласи на Инстаграм мотивирајќи ги и посакувајќи им среќа.

– Уште еден чекор до нова историја. Среќно момци, напиша Пандев на својот профил давајќи и максимална поддршка на репрезентативците.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *