Информација за поднесување на барања за виза за професионални возачи на камиони во рамките на Регулативата за Западен Балкан
Виза може да се додели врз основа на § 26 ст. 2 од Одредбата за вработување (Регулатива за Западен Балкан) како професионален возач на камион, но во секој случаj важат споредбените предуслови за поднесување на виза според § 24a од Одредбата за вработување.
Не дозволувајте да Ве понесат погрешни информации и да поднесете барање за виза според Регулативата за Западен Балкан, со надеж дека ќе мора да поднесете помалку документи.
Како и при поднесувањето на барање според § 24a од Одредбата за вработување потребни Ви се, меѓу другото:
Изјава од работодавецот, дека основната квалификација ќе се стекне пред започнувањето на вработувањето како возач, а германската возачка дозвола ќе се стекне навреме пред истекот на 6 месеци откако ќе пријавите место на живеалиште во Германија.
Доколку не сте се стекнале со возачка дозвола од ЕУ/EEЗ ниту пак имате основна квалификација стекната во ЕУ/ЕЕЗ, потребен е доказ за германски јазични знаења на ниво Б1.
Ако е стекната соодветна основна квалификација, мора да се донесе соодветен доказ согласно одредбата §24a став 2 од Одредбата за вработување.
И во овој случај германскиот работодавец треба да потврди, дека германската возачка дозвола ќе се стекне навреме пред истекот на 6 месеци по пријавата на место на живеалиште во Германија.
Ако не ги исполнувате предусловите, размислете уште еднаш за Вашето барање. Ве молиме информирајте се тука за предусловите.