Германија бара работници: Познато која структура на луѓе се најбарани на пазарот на трудот

  • By klaster2
  • ноември 8, 2021
  • 0
  • 598 Views

Речиси 34 милиони луѓе во Германија се во редовен работен однос, тоа е нов рекорд. Но, во исто време, бројот на слободни работни места продолжува да расте.

Годините со висок наталитет заминуваат во историја, а поради негативниот демографски развој се намалува бројот на нови работници.

Се повеќе компании се жалат на недостиг на квалификувана работна сила. За германската економија тоа стана еден од најголемите работни неприлики, пишува Дојче веле.

Последната анкета на јавното мислење, нарачана од фондацијата Бертелсман, покажува колку е сериозна ситуацијата. Од 7.500 анкетирани претприемачи

66 отсто рекле дека не можат да најдат доволно квалификувани работници. Минатата година 55 отсто од нив се изјасниле дека сметаат на проблеми при пополнувањето на работните места.

Ситуацијата не е иста во сите индустрии, региони, занимања и квалификации. Ако компаниите кои имаат недостиг на работна сила се прашуваат што точно им недостига, речиси секоја друга наведува лица со завршено средно стручно образование.

Во секоја четврта компанија има недостиг од академски образовани луѓе. Со оглед на индустријата, недостигот на квалификувана работна сила особено влијае на грижата за старите и изнемоштените лица и здравствената заштита.

„Факт е: во Германија исчезнува работната сила“, предупреди Детлеф Шеле, претседател на одборот на директори на Федералната агенција за труд, пишува Дојче веле.

„Од грижа преку одржување на климатизацијата до логистика и универзитетско образование. Ќе има недостиг на квалификувана работна сила насекаде“, вели Шеле.

Според неговите податоци, Германија има потреба од 400.000 имигранти годишно за да ги задоволи потребите на пазарот на трудот.

Но, во пракса, досега, имиграцијата на странска работна сила одигра мала улога. Само 16 проценти од испитаниците од студијата на Бертелсман изјавиле дека бараат работа во странство.

Од 1 март 2020 година, во Германија е на сила закон кој треба да го олесни доаѓањето на квалификувана работна сила од земји кои не се членки на Европската унија.

И покрај ова, многу претприемачи не сакаат да бараат работници во странство. Причините се различни. Како главна причина компаниите ја наведуваат стра вот од потешкотии во комуникацијата и проблемот со оценување на квалификацијата на работниците со сертификат од странство.

Слични се одговорите на оние компании кои веќе ангажирале странски работници. Ова покажува дека некои стравови не се навистина неоправдани.

На пример кога станува збор за комуникација со странци. Од друга страна, бирократските пречки во пракса се очигледно помал проблем отколку што изгледа на прв поглед.

Фондацијата Бертелсман претпоставува дека политичките напори за имигрирање на квалификувана работна сила вродиле со плод.

Примерите се забрзани бирократски процедури, стимулации за учење германски јазик и подобра понуда на информации за признавање на странските квалификации.

„Сè уште постојат пречки за регрутирање странска квалификувана работна сила, и покрај значителниот напредок“, предупредува Матијас Мајер, експерт за миграција во фондацијата Бертелсман.

67 отсто од учесниците во студијата претпоставуваат дека во наредните години ќе имаат помалку квалификувана работна сила отколку што им е потребно.

– Недостигот на квалификувана работна сила е се поголем проблем, а решение не е на повидок. Како општество ни требаат одржливи решенија за да се справиме со демографските промени и социо-еколошката трансформација – смета Мајер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.