Тони Михајловски важи за еден од најистакнат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, водител на радио и телевизија и стоечки комичар.
Во последните неколку години го снема некако на тв екраните откако стави акцент на политиката каде што е член на ВМРО ДПМНЕ.
Но се чини дека популарниот Шанац не може долго без тв, па најави камбек и тоа со својо најпрепознатлив тв проект, емисијата Опуштено.
Овојпат според најавите на инстаграм истата ќе оди на Алфа тв а првото снимање треба да се случи за неколку дена. Повеќе детали засега не се познати.