Во Германија исплатен бонус од по 5000 евра за работниците кои се вакцинирале

  • By admin
  • февруари 7, 2022
  • 0
  • 365 Views

Германското официјалното тело за вакцинација препорача давање на втора бустер доза на вакцина против коронавирус на особено риз ичните групи, јави агенцијата ДПА.

Постојаната Комисија за вакцинација, (СТИКО), е независен панел од експерти кои ја советуваат владата за време на пандемијата.

Комисијата соопшти дека луѓето над 70-годишна возраст, лицата во установи за нега, оние со имунодефициенција и вработените во медицинските и здравствените установи треба да добијат втора засилувачка доза вакцина.

Нацрт-резолуцијата е испратена на одобрување до сојузните покраини, па сè уште се можни измени на планот.

Германска компанија која се занимава со производство на канцелариска опрема, им исплатила по 5.000 евра на вработените кои биле вакцинирани

Откако е понудена премијата, стапката на вакцинација е зголемена за цели 30 отсто.

Кога започна акцијата во ноември минатата година, беа вакцинирани 60 отсто од околу 550 вработени, а кога акцијата заврши на 14 јануари стапката на вакцинација достигна ниво од 88 отсто.

Акцијата ја чинеше компанијата вкупно 2,5 милиони евра.

Тоа е стапката што сакавме да ја достигнеме, рече директорот на компанијата Данило Фразиак кој нагласи дека акцијата е инвестиција во здравјето на вработените.

Тоа го покажа и бројот на заболени – во ноември дневно имало и до десет случаи на заболени поради инфекција со коронавирус, а во последните шест недели немало ниту еден случај.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.