Влатко Лозаноски: Во Македонија не е најпаметно да се вложи пари во спот

  • By klaster2
  • април 27, 2022
  • 0
  • 351 Views

Свесни сме дека во Македонија на нашата музичка сцена доплива бран на балкански песни кој ја засенија македонската музика.

Го сакаме туѓото, а нашето не го цениме, нема квалитет, не се доволно вложува, нема голем пазар, нема доволно изведувачи или нешто друго.

Особено во овој период доста популарна е клубската музика, музика која ќе ги полни клубовите, а македонските изведувачи се ставени во втор ред.

Во светски рамки гледаме дека се фрлаат многи пари во снимање спотови, цифри кој се бројат во милиони, но ниту тоа не е гаранција за успех на песната.

Но каква е ситуацијата во Македонија, дали треба да се вложува во спотови, дали тоа е исплатливо одговор дадоа некој од познатите македонски јавни фаци меѓу кои и Влатко Лозаноски.

Влатко Лозаноски или попознат како Лозано е еден од најдобирте македонски поп изведувачи кој веќе подолг период е на музичката сцена.

Тој каде и да оди ги полни клубовите а исто така и концертните сали, баран е не само во Макеоднија туку и надвор од земјата.

– Од една страна секогаш е да се направи убав спот, тоа е синоним на голем влог и работа и труд. Но искрено да се вложи многу пари на спот во Македонија не е баш најпаметно.

– Бидејќи знаеме каква ни е состојбата тука, колкав ни е пазарот овде, но доколку сакаме да оставиме нешто за понатаму

– И за нас пред се но и за творештвото во Македонија, добро е да се вложи и да се издржи некој период, ние како естрада не сме многу поддржани.

– Па така ние како изведувачи единствено заработка ни се настапите, па ако нема настапи нема ни пари, нема спонзори како порано што беа.

– Зборувам за период 2004-05 па нагоре кога сите биле расположени, па така единствена инвестиција се настапите, вели Лозано пред камерите на ,,Бекстејџ”

Исто така од пред некој Игор Џамбазов јавно реши да го искаже своето незадоволство и да им упати порака на дискотеките и клубовите каде што со настапи предничат странски изведувачи.

„Ги замолувам сите сопственици на дискотеки и клубови кои ангажираат полуанонимни пејачки од Балканот, со една и пол песна во кариерата, а ги плаќаат 5 (и со букви ПЕТ) пати повеќе од најдобрите македонски изведувачи,

,, Ич да не ме бараат за настап со мојот бенд. За вас дечки сум недостапен… дур сум жив. Идемо садаааа….Балкан горииииии…“, објави тој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.