Владиката Петар се огласи од болница

  • By admin
  • април 12, 2021
  • 0
  • 2772 Views

Владиката Петар и Владиката Агатангел сами одлучиле да се лекуваат во Систина од ковид, велат од Македонската православна црква. Зошто направиле ваков чекор, од МПЦ не откриваат повеќе детали.

Митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј вели дека вирусот не го поштеди ниту свештенството. Половина од свештениците во неговата епархија веќе го прележале вирусот.

Во пресрет на велигденските празници, Тимотеј апелира граѓаните одговорно да празнуваат.

Претходно апел граѓаните да ги почитуваат мерките за време на празниците упати премиерот Заев, министерот Филипче, претседателот Пендаровски, и лидерите и претставниците на верските заедници.

Бурни реакции во јавноста по веста дека Владиците Агатангел и Петар повеќе од десетина дена се лекуваат од Ковид 19 во приватна клиника.

Откако добиле позитивен тест на Ковид 19, дел од медиумите објавија дека се сместени на болничко лекување во приватната болница Систина.

Владиката Петар на прашање на тв 24 не сакаше да одговори зошто се лекуваат приватно, а не државно. Вели целта на јавноста сега е актуелните состојби во општеството да се свртат кон нив – додава како и сите болни луѓе така и тие се хоспитализирани.

„Не сум јас во состојба целосно излекувам, па да можам сега да дискутирм. Еве слушна јавноста во болница сме, и тоа е доволно. Јас се лекувам во јавното здравство.

Сега се гледа дека станува збор за сериозна болест сум дошол тука да се лекувам, нема што повеќе да се коментира тука.“ – изјави владиката Петар.

Според информациите до кои дојде ТВ24, свештениците се осигурани како трговци поединци, а владиците како административци, што значи дека тие се здравствено осигурани. Лекувањето од Ковид 19 во приватна клиника може да надмине и над десет илјади евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.