Владата предмалку ги објави новите мерки: Бројни олеснувања кои ќе се осетат на џебот на граѓаните

  • By admin
  • март 9, 2022
  • 0
  • 426 Views

Владата денеска донесе пакет од 26 мерки и препораки за ублажување на последиците од економската ситуација по руско-украинскиот настани.

Мерките се наменети за граѓаните и за компаниите со цел да се сочува животниот стандард на граѓани и ликвидноста на компаниите.

Мерките се поделени во две категории. Во првата група се мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и компаниите, а во втората група – мерки за финансиска поддршка на компаниите преку Развојната банка.

Дел од мерките се намалување на повластената стапка на ДДВ за основните прехранбени производи на нула проценти и тоа ќе важи за лебот, шеќерот, брашно тип 400, зејтин, трајно млеко, свежо месо, ориз и јајца.

Се замрзнуваат и маржите за основните прехранбени производи. Предвидени се и ваучери во вредност од илјада денари за купување на основните прехрабени производи за ра нливите категории.

– Предизвиците пред нас се огромни во услови на постпандемија се соочуваме со најголемата економска кр иза која Европа и светот ја паметат во поново време.

На глобално ниво растот на трошоците на храната и на енергенсите како резултат на настаните во Русија на Украина го чувствуваме и ние денес и сега.

Дисбалансот на цените на основните продукти и енергенси не засега и нас. Ова ќе биде тешка година но со добри мерки и политики ќе ја премостиме, порача премиеро Димитар Ковачевски на прес-конференцијата во Владата и придодаде:

Со нова методологија ќе има помала цена за мали потрошувачи и домаќинства во однос на струјата. Се субвенционираат пензионерите со 1.000 денари за три месеци односно 3.000 денари.

Ќе се субвенционира и натаму струјата, мерката ќе е активна до јуни 2022 година. Се субвенционира цената на топлинска енергија. Финансирање на проектите за енергетска ефикасност на општините, со што ќе се намали потрошувачката во јавниот сектор.

Даваме препорака за промена на методологијата за нафтените деривати. Препораката да е да се менуваат цените на дневна основа. Го пролонгираме давање на зелените давачки за деривати, со оглед на големиот пораст на цените.

Ја намалува стапката на ДДВ од 18 на 5 проценти за дел од горивата. Со ова се намалува цената на енергенсите на граѓаните. Ја намалува акцизата врз основа на берзанските цени, што ќе се ублажи цената на енергенсите до 4,3 денари. Дизелот би бил за 10,7 денари помалку, бензин би се точел за 11,5 денари помала цена

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.