„Визер“ намалува летови од Македонија кон Швајцарија, Германија и Шведска

  • By admin
  • јули 14, 2022
  • 0
  • 552 Views

Како што е веќе познато, пред неколку дена специјализираниот сајт за авиосообраќај, „Ехјуавиатион“ објави дека нискобуџетната компанија „Визер“ привремено прекина шест линии од пет пазари во поранешна Југославија, бидејќи авиокомпанијата има недостигот на персонал.

Оваа мерка ги опфаќаа неколку лини кои се одржуваа од Приштина, Тузла, Љубљана, Белград и Охрид.

Па така летовите од Охрид до Дортмунд, Германија се откажани до 2 септември, а од компанијата најавуваат дека би можело да има и дополнителни откажувања на летови.

Нискотарифниот авиопревозник Визер дополнително го прилагодува своето работење, откако најави намалување за 5% на бројот на летови низ својата мрежа поради недостиг на персонал.

По привременото прекинување на шест линии од поранешна Југославија, ниско буџетниот превозник ќе ги намали и фреквенциите на голем број услуги во јули и август.

Од својата база во Скопје, авиокомпанијата ги намалува летовите кон Базел, Келн, Гетеборг и Фридрихсхафен, од Белград ќе бидат намалени фреквенциите до Дортмунд и Малме, додека од базата во Сараево, Визер ги намалува летовите кон Келн и Копенхаген.

Од Љубљана, фреквенциите ќе бидат намалени до Лондон Лутон, Бања Лука ќе ги намали Базел и Малме, Приштина и Ниш имаат намалување на летовите кон Виена, додека услугите меѓу Подгорица и Рим исто така се намалуваат.

Хрватското крајбрежје, исто така, ќе биде по годено со прекини на фреквенција од Рим до Дубровник, како и од Познањ до Сплит.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.