Главниот лик од документарецот „Медена земја“, Атиџе Муратова се уште предизвикува интерес во јавноста, главно поради нејзината скромност и непосреднос.
Од апсолутно непознат лик, Атиџе Муратова стана планетарно славна преку улогата наглавниот лик од „Медена земја“. Скромна, едноставна, стигна дури и до Холивуд, а по низата ангажмани и обврски, потоа повторно се сврте на секојдневниот живот во селото Бекирлија.
Документарниот филм „Медена земја“ на режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, преку несекојдневната животна приказна на Атиџе ја пренесува пораката на жената која живее во симбиоза со природата.
Како што раскажа Атиџе во една прилика, екипата од „Медена земја“ пред повеќе од три години, ја пронашла во селото Бекирлија, во кое има само неколку жители. Атиџе тогаш живеела со нејзината мајка и уште едно семејство, кои биле нивни соседи.
Атиџе покажа дека е и талентирана за музика, и во филмот, и и со настапот на „Златна Бубамара на популарноста“ минатата година кога ја крена целата сала на нозе изведувајќи македонски народни песни.
Турунџиева се огласи на својот профил на фејсбук каде што сподели уште една убава вест во која што напиша:
Пан демијата, сосе сите ограничувања и забрани што ни ги наметна, на сите ни проектира ИСТА СУДБИНА, ама не успеа да ни ја убие желбата за музика…
За оваа музичка “судбина” се заслужни Roberto Kentaur Pop Dimitrov, Ognen Nedelkovski и Valentina Kolevska … БЕСКРАЈНО благодарам за укажаната доверба и за песната во која многумина ќе се пронајдат.
Иако официјално ќе ја промовираме во сабота во Штип, ја споделувам вечерва на овој прекрасен празник Свети 40 маченици Младенци – празник на младоста и љубовта!
Песната може да ја слушнете ТУКА.