(ВИДЕО) Пендаровски опуштено: Мезеше салама и маслинки со жолта во рака

  • By admin
  • март 31, 2022
  • 0
  • 523 Views

Актуелниот преседател на Македонија Стево Пендаровски важи за човек од народот и помеѓу народот што веќе неколкупати го има покажано на дело.

Како што е познато Пендаровски е петти претседател на Македонија кој на оваа позиција е од 12 мај 2019 година.

Поголемиот дел од професионалната кариера го поминал во Министерството за внатрешни работи како безбедносен аналитичар.

Во 2000-тите бил советник за национална безбедност и за надворешна политика на двајца македонски претседатели, Борис Трајковси и Бранко Црвенковски. Пендаровски е универзитетски професор и предава на Универзитетот Американ колеџ во Скопје.

Пендаровски првпат бил кандидат за претседател на државата во 2014 година, кога бил кандидат на коалицијата предводена од СДСМ, но не успеал да го победи тогашниот претседател Ѓорге Иванов.

Во 2019 година вторпат бил кандидат на претседателски избори, овојпат како консензуален кандидат на СДСМ и десетици други политички партии. Пендаровски успеал да го победи кандидатот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, универзитетската професорка Гордана Силјановска-Давкова.

Стево Пендаровски е роден на 3 април 1963 година во Скопје. Неговото семејство потекнува од мијачкото село Галичник. Тој пораснал во постземјотресно Скопје. Неговите родители биле учители. Средното образование го завршил во скопското училиште „Цветан Димов“.

Пендаровски дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1987 година Подоцна магистрирал и докторирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Стево пред некој ден беше во посета на Валандов каде што оствари неколку средби со граѓаните.

Мобилната апликација Селектирај Отпад нуди иновативен начин за третирање на отпадот во сопствената заедница.

Нејзиниот автор Марио Томов од Валандово ЛицевЛице ме запозна со реализацијата на проектот, што има за цел преку едноставно користење на апликацијата да го промени начинот на собирање на отпад и да го унапреди квалитетот на животната средина, а воедно и нуди можност за личен паричен бенефит за граѓаните од своето учество.

Засега услугата е достапна во Валандово и делови од Скопје. Пример што треба да го следат и другите градови и општини во нашата држава – напиша Пендаровски, а потоа информираше и за уште една средба:

Посета на општина Валандово во рамки на проектот Лицевлице со претседателот. Можност за средба со земјоделци и сточари од село Удово.

Разговор за живејачката и нивното секојдневние. Ми ги пренесоа предизвиците од нивната работа, размислувањата за можностите за унапредување на производството и обезбедувањето на пласманот на производите. Благодарам на земјоделецот Јордан Кавазов за гостопримството.

Од фотките и видеата може да се забележи како претседателот наздравува со жолта ра кија во рака, а за мезе има салама и маслинки – баш рурално.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.