(ВИДЕО) Ова не му е првпат на Рама да го посрамоти Ковачевски, претходно беше и во присуство на Заев

  • By admin
  • јуни 11, 2022
  • 0
  • 461 Views

Един Рама, албанскиот премиер на самитот на Југоисточна Европа во Солун, истрча со недипломатска и недуховита шега, на која наместо политички да одреагира, нашиот Премиер се изнасмеа, што предизвика бура негативни реакции во јавноста.

Додека грчкиот премиер Мицотакис како домаќин на Шолц му ги претставуваше албанскиот и македонскиот премиер, Рама се вклучува во разговорот со неодмерена изјава посочувајки дека Ковачевски бил премиер на како што тој сакал да се пошегува „идната, идна Западна Бугарија“

На ова премиерот на нашата држава се надовраза со слатка насмевка, реакција која денес како во нашата јавност, така и во соседните држави е во центарот на вниманието.

ТВ21 побара одговор од кабинетот на албанскиот премиер Еди Рама, во врска со настанот во Солун, кога Рама на Шолц му го претстави Ковачевски како „премиер на идна Западна Бугарија“, при што одговорија дека тоа било сарказам со Бугарија и иронија со Европската Унија.

„Тоа е сарказам во Бугарија и иронија со Европската Унија. Неформална“, кажаа за ТВ21 од кабинетот на премиерот Еди Рама.

Сепак реакциите во нашата јавност и понатаму не се смируваат, а во една од нив напишана од Умејр Муамеди се вели:

Еди Рама скоро на секој настан се поиграва со Димитар Ковачевски, на последниот настан на канцеларот Шолц вперејки прст кон Ковачевски му вика “future West Bulgaria”.

Таче можеби не е добар Премиер ама каков и да е он ја претставува Македонија, он не претставува сите нас, Еди Рама додека се поиграва со него се поиграва со сите нас.

Недозволиво е потчинувањето кон Премиер на земја со 5 пати помал извоз од Македонија. Еди Рама треба да биде прогласе за персона нон грата.А ако не случи ова, Таче треба да си поднесе оставка за да не не понижи повеќе.

Во слична конотација имаше статус со видео и познатиот новинар Фрукан Салиу кој потсети дека ова не е првпат Рама да се шегува со Ковачевски. Претходно потсети и на момент кога присутен беше и Заев.

„Вакво пони жувачки однос заслужува реакција, ама кој да реагира? Не одамна немаме Премиер. Со вакви политичари ќе го решиме спорот со Бугарија?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.