Протнување под ореов корен како лек против корона вирусот во Делчево. Маката и стравот од корона ги натера луѓето на секакви верувања и изуми за лекување.
Седумдесет годишниот Страшо Димитровски од Делчево откако му се јавил лекот на сон, решил тоа да го преточи и во реалност, пренесува регионалната Мнет телевизија.
На место виканот Брежје кај реката Брегалница ископал под корените на два млади ореви дупка под која се протнуваат луѓе. Тој вели дека за него и за неговите блиски си го нашол лекот и ги повикува сите кој веруваат во Божја сила и народни лекови да дојдат и да се протнат.