(ВИДЕО) Андреа, нашата претставничка на Евровизија го фрли македонското знаме на земја

  • By klaster3
  • мај 8, 2022
  • 0
  • 526 Views

Како што е познато, денеска учесниците од 40 земји свечено прошетаа по тиркизниот тепих долг 200 метри во Торино за церемонијата на отворањето на Изборот за песна на Евровизија 2022 година во кралската палата „Региа ди Венариа“.

Изградена во 1675 година, Венарија Реале, позната по својата прекрасна архитектура и раскошни градини, била една од резиденциите на Кралската куќа на Савој. Додадена е на листата на светско наследство на УНЕСКО во 1997 година.

По парадата, уметниците и нивните придружни делегации ќе бидат внесени внатре каде што ќе бидат пречекани од градоначалникот на Торино Стефано Лорусо, од извршниот надзорник на Евровизија Мартин Остердал и од извршната продуцентка Симона Марторели и Клаудио Фасуло.

Во силна конкуренција, нашата претставничка Андреа Коевска ќе се обиде да се претстави во најдобро светло и да ја пренесе емоцијата на нејзината музичка нумера „Circles“ на евровизиската сцена.

Андреа на 66-то издание на „Евросонг” ќе настапи во втората полуфинална вечер на 12-ти мај, а финалето е закажано два дена подоцна, односно на 14-ти мај. Манифестацијата ќе се одржи во арената „Пала Олимпико” во Торино.

Еден од најзаслужните за препознавање и поттикнување на развојот на нејзиниот талент и вокални способности е познатиот музички продуцент, Александар Масевски.

– Песната е снимена на англиски јазик и така и ќе остане. Една песна се одликува со мелодија и текст, и тие заедно имаат една заедничка задача – да пренесат некаква порака, да разбудат емоција.

Ја сакам Македонија со цело срце и ги сакам јазикот и културата. Но, сакам да ја надминам Евровизија и да бидам македонската претставничка за светот.

Не може постојано да ги затвораме мислите и срцата кон надворешниот свет, туку треба да му ја донесеме националната перспектива на јазикот кој светот го разбира, изјави таа за Фокус.

Андреа од самиот почеток е посветена на секоја детаљ посветен на нејзиниот настап и претставување, со цел сè да изгледа беспрекорно во секој поглед и најдобро да ја претстави нашата земја, како музички така и физички.

На тиркизниот тепих се прошета во за неа препознатлива комбинација – во црно од глава до петици со кожени ракавици како моден детаљ, а во рацете го држеше македонското знаме.

Но, неочекувано и за вистинско неверување е она што Андреа го направи со знамето. Имено, едно време гордо го држеше знамето за наеднаш да го фрли на земја.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.