Според најавите на медиумите кај нашиот северен сосед, властите во Србија најверојатно ќе донесат одлука за затворање на угостителските објекти на 10 до 15 дена како мерка која би требало да овозможи да се намали бројот на нови случаи.
Ова доаѓа и покрај тоа што тие предничат со вакцинацијата пред многу држави, а и понатему е високата бројката и се движи до 4 000 луѓе дневно.
За РТС ова го најавиле од Кри-зниот штаб и било договорено на координативен состанок на Кри-зниот штаб, кој нема да се состане денеска, но одлука ќе биде донесена, велат извори од ова тело.
Здравствените власти сметаат дека нема друг начин да се спречат собирањата, особено на младите, во диви дискотеки, кои секојдневно се откриваат,
Два викенди по ред во Србија се затворени угостителските објекти и трговски центри, а работат само маркетите, аптеките и бензинските пумпи.
Според податоците од српската Влада, досега се вакцинираани нешто повеќе од 1,2 милиони со една доза, и околу 740 000 кои ја примиле и врората, што е околу 21 процент од возрасната популација.
Брнабиќ најави дека денеска во Србија ќе пристигне нова испорака на вакцини „Фајзер“, во текот на неделата нови залихи на „Спутник“, а во април се очекуваат и нови залихи на кинеските вакцини на „Синофарм“.