Весна Змијанац открива колку и бил најголемиот бакшиш: Фрлаа купчиња по 500 евра, немав каде да ги ставам

  • By klaster3
  • април 16, 2022
  • 0
  • 640 Views

Весна Змијанац е позната српска фолкерка и една од најголемите ѕвезди на 80тите и 90тите години. Таа важеше за eдна од најинтригантните личности во поранешна Југославија.

Кариерата ја градеше и ја гради на квалитетни песни и феноменални вокални способности, но често беше во центарот на вниманието на јавноста поради бур ниот љубовен живот.

Популарната пејачка откри дека го добила најголемиот бакшиш во Бугарија, но и дека сите пари од концертот успеала да ги остави во кафаната.

– Имаше една свадба и требаше да испеам неколку песни. Еден човек дојде и ме замоли да ја испеам „Ори, Миле, ама длабоко“, но не ги знаев зборовите на песната, па ми даде телефон со текст и бакшиш од петстотини евра.

– Ги проценувам луѓето околу мене и има моменти кога земам бакшиш и кога не сакам да мрднам и не земам. Мојата публика е многу нежна и добра.

Секој бакшиш го давам на оркестарот, кога има многу пари делиме, кога има малку тогаш ништо не земам, сè им оставам – вели Весна.

На прашањето кој бил нејзиниот највисок бакшиш, пејачката откри дека имало разни ситуации на таа тема, како и дека најголемите ги добила во Бугарија.

– Бугарија беше најсилна. Бугарија прави плејбек или синбек, немаат оркестар. Имав концерт во НДК, а потоа требаше да се појавам во клуб што беше спроти хотелот во кој бев. Бев уморна од концертот – вели Весна Змијанац и додава:

– Во клубовите се пееше на плејбек и имавме едно ЦД со песни што беа хитови кои се пееја во Бугарија. Имаше некој Цигански крал, кој извади две торби пари, поделени во пакети по 500 евра.

На секоја моја песна, тој ми дава по едно пакетче. Немав каде да ги ставам, имав пари насекаде, во јакни, во џебови. На крајот ја испеав „Казни ме казни“, а тој ми рече за сите пари, а имаше едно 40.000 евра, пак да ја отпеам „Казни ме казни“.

Пеев три или четири пати и реков дека не можам повеќе. И така малку „Јоргован“, малку „Сто животи“ што е нивна химна и пак му ја отпеав „Казни ме казни“.

Заслужи – вели Весна, која додаде дека тогаш сè уште немала со кого да ги подели парите бидејќи немала оркестар. Популарната пејачка откри дека ни таа не е штедлива кога е во прашање бакшиш.

– Бугарите свират феноменално. Еднаш после еден концерт за кој добро ме платија, одморив еден час, а потоа си поканив млада танчерка да ми игра и целиот бакшиш од концертот на нејзе го оставив – вели Весна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.