Весна за нејзниот сопруг: За сè се договара со мајка му, наместо со мене, како да е во брак со неа

  • By admin
  • јануари 25, 2022
  • 0
  • 380 Views

Иако живее во друг град понекогаш си мислам дека свекрва ми за скоро ќе почне да живее кај нас.

Понекогаш мислам дека сопругот ми е во брак со мајка му, а не со мене затоа што за сè се договора со неа наместо со мене. Оддалечени сме физички, но нејзиното присуство го чувствувам секој ден во нашиот живот.

Ме учеле дека треба да се почитуваат свекрвата и свекорот, ама оваа мојата претерува. Секој ден сака да се слушаат – најчесто маж ми ја бара неколку пати на ден демек да провери дали е добро, но секогаш се јавува за да се консултира и советува за нашите секојдневни обврски.

Кога бевме помлади и во врска, се случуваше да ја вмешува во нашите работи, ама си мислев ајде ништо не е, кога ќе се земеме ќе си се договараме само ние. Но, ете, ни по толку години не успеа да ја искорени таа навика, ни откога ни се роди ќерката.

Дури се случи кога бевме да бираме креветче за малата и нејзе да ја викне за да се советува и на крај го избравме креветчето коешто само таа го одобри.

Во ред е да бараш совет од постари и поискусни, ама да не се слуша ни моето мислење за моето дете, не знам кој им е проблемот. Кога ќе го замолам сопругот нешто да купи од маркет или готова храна од ресторан, тој прво мајка му ја бара за да праша што е најпаметно да купи. Се срамам од себе што ќе го кажам ова, ама буквално е мамино синче!

Стопати сме го правеле истиот муабет и пак на истото – ако не ти чини оди си кај мајка ти, јас од мојата не се откажувам. А не е тоа проблемот, само не сакам со толку мало дете да се расп раваме.

Неодамна се дрзна да ми каже дека неговата мајка е подобра готвачка, постојано ми наоѓа некои замерки и објаснува како поинаку тоа го прави мајка му.

Па еве не знам како се осмели да се ожениш – требало со мајка ти да си седиш! Нашиот однос со секој ден ми станува сè полош, како да се вртам во круг без излез секојдневните повици од свекрва ми ми станаа толку досадни што почнав да ја избегнувам.

Не знам како да се поставам, ни па како да се справам. Консултиравме психолог за совет како треба да се справи човек во ваква ситуација и одговорот ви го проследуваме:

„Сите знаеме дека мајката е многу важна личност во животот и на мажите и на жените, но секако треба да постојат граници. Секој маж мора на прво место да ја има сопругата, а после сите други.

Постојат различни ситуации и причини поради кои мажите комуницираат со мајките, ама тој контакт не треба да се доведе до степен да претставува пречка за партнерскиот однос.

Нормална ситуација за слушање на мајката повеќепати во ден е на пример ако е болна, тука нема замерки и е за секоја пофалба таквиот однос. Тоа значи дека свекрвата правилно го одгледала вашиот сопруг.

Меѓутоа, постојат ситуации во кои самата мајка бара нејзиниот син да и ѕвони неколку пати во денот користејќи се со разни манипулации за да го привлече вниманието на синот.

А, ако синот е „лесен“, тогаш ќе и удоволува на секоја желба. Ако вашиот сопруг и ѕвони на мајка си секој ден за да и објасни како му поминал денот, каде бил, што јадел и слично, тоа веќе не е нормално и укажува на тоа дека вашиот сопруг се уште е под влијание на мајка му и е зависен од нејзиното мислење.

Штом во секоја ситуација му треба одобрение и мислење значи дека уште нема претсава за идејата на поимот брак. Секој маж треба да има на ум дека кога ќе се ожени, неговата сопруга станува главна жена во неговиот живот, а не неговата мајка иако тоа не значи дека мајката помалку ќе се почитува.

Дури и постапките како наоѓање замерки на сопругата за тоа како одредени обврски низ дома ги прави поразлично од мајка му покажуваат дека мажот е незрел и не може потполно да се одвои од неговата мајка.

Некои мажи засекогаш остануваат „мамини синови“ и во таква ситуација мора да го прифатите тој факт или засекогаш да се разделите. Најдобро е уште на почетокот да можете да го процените, но никако не смеете да си дозволите да толерирате недолично однесување од страна на сопругот или неговата мајка.

Обработил: А.Л Фото: Илустрација

Авторски текст кој не смее да биде превземан без дозвола од редакцијата на Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.