Васко Тодоров: Уште утре ќе почнеме да снимаме K-15, но треба да се исполни една работа

  • By klaster2
  • февруари 22, 2022
  • 0
  • 964 Views

Многу генерации израснаа со скечевите на популарното „К-15“, нивната сатира и смисла за хумор претставено во ликовите на Цацко, Тошо и Миле.

И ден денес нивните скечеви се доста популарни и гледани и знаат да не насмеат. Васко Тодоров попознат како Тошо Ма лерот беше еден од најкултните ликови

– Роден сум во Радовиш овде живеев три години, по што се преселивме во Скопје, повеќето роднини ми се токму од овде. Татко ми е агроном додека мајка ми е просветен работник.

– Јас како мал сум бил мирно и скромно дете, не сум правел некој посериозни испади, и сум одел по зададениот пат, додава Васко.

– Ми недостига ,,к-15″ недостига и на сите други, мило ми е што и новите генерации растат со тие скечеви, вели носталгично Васко.

– Народот одлучи толку долго да издржиме на тв екраните, започнавме како радио емисија и потоа сето тоа прерасна во нешто многу поголемо кое за ж ал го нема веќе 8 години.

– Најтежок жанр е сатирата, мислат така лесно е излези пред камера и зборувај но кога треба да го насмееш народот тоа е најтешко.

Ниту еднаш не се случило некој да ни прави проблеми при снимањето и за тоа што го снимаме, имаме снимено преку 3.000 скечеви.

– Ми доаѓа еден тип и ми вика ,, Абе како се викаше скечот во него играш ти, Цацко и Миле” и јас му велам ,, Епа тие сме кој да биде друг”, вели низ смеа Васко Тодоров.

– Размислуваме за снимање на нови скечеви, но треба да има финансии и да има каде да го презентираме. Ние од К-15 кога работеевме сами се финансиравме од тој проект, плаќавме хонорари и сите други работи, но сега ситуациајта е различна.

– Да се исполни тој услов, ние уште утре се фаќаме за работа и започнуваме со снимања, вели Тодоров пред во емисијата ,,Г-Карпет”

– Бев второ одделение, и одам дома и велам на мајка ми дека сакам да се оженам со плавушата од ,,АББА” и мајка ми ми вели ,,Не може бидејќи имаш домашно и утре си на училиште”

– И како тој момент како да ме предвои и од тогаш остана така. Тоа ми е најголем проблем во животот, вели ,, Тошо Малерот

– Во Австралија бев 3,5 години, и да ви кажам ништо посебно. Дојдов овде да се видам со роднини и пријатели, и тогаш ситуацијата со вирусот се искомплицира и јас останав тука.

– Таму сменив многу работи, најмногу работив во Фабрика, друго е да отидеш во Австралија на 20 друго е како мене на 50 години.

– Најголем пресврт во животот ми бил кога отидовме во стечај. А ако би бирал кога ми било поубаво дали во минатото или сега би рекол сега.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.