Васил: Еден бугарски пасош сега чини од 15.000 до 20.000 евра

  • By admin
  • декември 10, 2021
  • 0
  • 694 Views

Васил Стерјовски е еден од најпознатите и политички меѓу најактивните Македонци од Мала Преспа и пошироко.

Во биографските податоци на овој перспективен Македонец е забележано дека тој е роден во Корча на 17 мај 1982 година, а неговите родители се од село Горна Горица, Мала Преспа, каде и тој живееше до пред десетина години.

Основното образование го завршил во ОУ „Отпорот на Горичени“, во село Долна Горица, а средното образoвaние во Гимназијата „Трајан Георгиевски и Митре Колевски“ во Пустец.

Во 2006 година дипломирал на групата Историја на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Mетодиј“ во Скопје. На истиот Универзитет, на Институтот за национална историја е на постдипломски студии.

Васил Стeрјовски, лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), гостувајќи во емисијата „Конак“ на телевизија СОТ7 зборуваше за „напорите на Бугарија за асим илирање на Македонците во Албанија“.

Македонската заедница во Албанија, додаде, нема никаква врска со Бугарија во однос на јазикот, традициите, обичаите и песните.

-Таа е компактна и е на граница со Македонија, не е на граница со Софија и нема никаква врска. Ако го погледнете фолклорот, песните, имате многу песни од времето на османлискиот период што ги пееме за ослободувањето на Македонија, нема ниту една песна за Бугарија, нагласи Стерјовски.

Прашањето со бугарските пасоши, според Стерјовски, е профитабилен бизнис кој е проширен не само во областите каде живеат Македонци, туку и во други градови во Албанија.

– Еден бугарски пасош сега чини од 15 до 20 илјади евра. Има Албанци, не Македонци, кои плаќаат од 15 до 20 илјади евра. Затоа Ви кажав дека како бизнис е поисплатлив од садењето хаиш.

Чини и до 20 илјади евра, еден бугарски пасош за Албанци по нацоналност. Зборувам за албански државјани кои живеат во Албанија, а не во Бугарија, рече Стерјовски.

Стерјовски, како пратеник во минатиот состав на албанскиот Парламент, беше прв пратеник Македонец кој јавно се декларира како Македонец.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.