Ване Маркоски згрме : Глејте си своја работа и не им го берете гајлето на другите

  • By admin
  • октомври 5, 2022
  • 0
  • 383 Views

Како што е познато, во недела, 3 октомври, се одржа „Виз Ер Скопски маратон“ на кој учествуваа 8.500 професионални и аматерски натпреварувачи од 47 држави.

18-тиот по ред скопски маратон се трчаше по нова патека која доби сертификат од Светската атлетска федерација што го потврдува квалитетот на овој настан.

Кениецот Онесмус Киплимо Киплагат, кој ја истрча патеката долга 42 км низ улиците на македонската метропола со време 2 часа 18 минути и 19 секунди е победник на Виз Ер Скопски маратон 2022. Втор беше Македонецот Дарио Ивановски, а трет Никола Илиевски.

Во женска конкуренција победи Кетрин Черотич од Кенија со време 2:38,48 пред македонската атлетичарка Билјана Кираџиева и Тамара Попов од Србија.

Во полумаратонот (21 километар) најбрзи беа Адријана Поп Арсова во женска и Жан Тошев во машка конкуренција.

Ване Маркоски важи за еден од најпознатите македонски водители човекот кој долго време не`забавува и информира пред малите екрани, со неговите емисии кои се од најразлични тематики.

Маркоски е еден од нашите најпопуларни водители, и актуелен на социјалните мрежи. Речиси секојдневно тој е активен на своите профил на социјалните мрежи.

Харизматичен и позитивен лик кој обожаваат да го гледаат и оние најмалите но и повозрасните. Дека со љубов си ја работи својта работа говорат неговите успеси на професионално поле.

Ване Марковски е познат како голем љубителл на природата, заговорник на здравата исхрана, фитнесот и здравиот живот, но она што можеби не сте го знаеле за радио и ТВ водителот е дека е исто така и голем љубител на животните.

Како што е познато долги години Ване го гледавме на фрекфенциите на Канал 5 ТВ но неодамна реши за промена на професионален план, па се префрли на МТВ.

Ване е доста активен и на социјалните мрежи, особено на фејсбук каде што повторно во свој стил напиша:

Биле на маратон, убаво им било, ќе ставаат слики, ако сакаат и на глава ќе стојат. Нека не ве бо ли многу глава вас кои не сте биле. Глејте си своја работа и не им го берете гајлето на другите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.