Бранка од Скопје во солзи: Живеам без ниту еден денар, со неподвижно дете, до кога вака не знам

  • By klaster2
  • октомври 23, 2022
  • 0
  • 364 Views

Бранка Неделковиќ е 60 годишна жена која е пораснала во Скопје. Не ни претпоставувала дека изборот на високо образование ќе ја однесе негде далеку од своето огниште.

На градежниот факлутет во Скопје, погледите со колега од Сирија, ќе ја одведат да живее 40 години во Алепо. Среќен брак исполнет со многу убавини.

Но не мирите во таа земја ќе и го променат 360 степени животот. Во тие немири нејзиниот сопруг ќе замине во вечност а по вреден ќе биде еден од синовите со кој ќе мора да се вратат во Скопје.

Овде доаѓаат и започнуваат од почетна нула и без денар. Едниот син го гледа само доколку во Алепо има интернет, тоа уште толку и го отежнува животот.

– Едното дете се роди овде во Скопје, а помалиот таму во Алепо, живеевме убав живот, немаше потреба јас да работам, се беше убаво до не мирите, вели Бранка пред камерите на ,,Срце на Дланка”

– Ги изгубив сопругот, ја изгубив и зградата во која живеев, едвај го спасив детето од урна тините, со помош на роднини успеав да дојдам овде во Македонија.

– Таму едноставно немаше услови да се живее, немавме ни вода ни струја, ниту пак пари, бевме во никаква ситуација, вели огорчена оваа храбра мајка.

– Од самата глетка синот ги ,,изгуби паметот” моментално е неподвижен. Роби и јас преживеавме многу, овде кога дојдов ми помогна брат ми.

– Кога дојдов овде, веднаш се вселив под кирија, но немав многу пари, па за брзо време, газдарицата немаше разбирање и ме набрка заедно со бо лното дете.

– И сега каде што престојувам моментално сум под кирија, а до кога не знам ни самата. Другиот син е во Сирија и буквално преживува.

– Нема ниту струја ниту вода ниту работа, имаат стурја само по еден час во денот, во многу лоша сиутација се, правам напори да дојде овде но е доста тешко.

– После мене ми е стр ав за детето, тоа без мене не може не знам што ќе биде, барам да ми се помогне барем да имам свој дом, вели за крај Неделковиќ.

Доколку сакате да и помогнете на било каков начин на Бранка Неделковиќ тоа може да го сторите на телефонскиот број 075- 304- 405 или на трансакциската сметка 200003954794170

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.