Борче Стаменов: Како секогаш ние Македонците повеќе ги цениме и поддржуваме туѓите, нормални работи, од нашите кои ни се на дофат на рака

  • By admin
  • септември 7, 2022
  • 0
  • 232 Views

Кавадарчанецот Борче Стаменов веќе е докажан и покажан лик кој со својата хумана работа ги освои срцата на целокупна македонска јавност и притоа и го разубави и олесни животот на многумина:

Борче на својот профил на фејсбук сподели статус кој привлече внимание, а во истиот вели:

Има една работа шо ја приметувам у последно време. Тоа е онаа каде луѓето за објави по социјални мрежи гледаат странски политичари кои се однесуваат нормално и јадат тост од половина евро додека чекаат јавен превоз и цело тоа им иде чу дно.

И честопати коментираат “кога кај нас вака?”. И чисто да нема љутиш ќе ја зеам за споредба ДонирајКомпјутер и тоа како секогаш ние македонците повеќе ги цениме и поддржуваме (масовно сосподелувања и восхит) туѓите, нормални работи, од нашите кои ни се на дофат на рака.

Еве, на пример, на нашата забава 80% од гостите кои дојдоа беа од други градови, кавадарчани беа речиси реткост иако сме од исто место.

Исто се случува и со кавадаречките медиуми кои речиси после 5-6 години “дознаа” дека постои некаква иницијатива шо работи за општо добро.

Така да другови, ние сме тука, помеѓу вас. Со ваша помош би биле уште подобри, поорганизирани и поефективни во тоа што го работиме.

Ова не го пишувам затоа што конкретно нам ни фали поддршка. Го пишувам од наше име оти верувам дека и повеќето хуманитарни организации ќе се пронајдат, но никогаш гласно не го кажале.

Вчера на доделувањето на посланието Мајка Тереза некој рече: да си помогнеме сами за почеток, а потоа и на соседите.

Оти на друго место веројатно има некој друг да помогне, се надевам ме разбирате што сакам да кажам

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.