Името и презимето на Кавадарчанецот Борче Стаменов е добро познато на пошироката јавност во нашата држава.
За оние кои не го знаат да кажеме дека е човек кој собира расипа ни лаптопи и компјутери и од нив креира нови кои ги праќа онаму каде што е потребно, неодамна гордо објави дека го испратил јубилејниот 1.000. компјутер.
Чувството е исто како и за првиот дониран компјутер, вели тој, пет години по започнувањето на иницијативата која одекна далеку и го привлече вниманието и на италијанските продукции, кои најавија снимање на документарец за истата.
Овојпат Борче се реши да направи промена и ги образложи причините преку сојот профил на фејсбук:
Решивме да направиме една реорганизација како нас би ни се олеснила постапката за примање пораки, а верувам и вам за праќање на потребните потврди.
Од овој момент, пријави за добивање компјутер ќе може да праќате само сабота и недела на страната намената за тоа. Пријавите ќе може да ги доставувате во текот на целиот викенд од 10 до 22 часот.
Го правиме ова вака затоа што најчесто за викенди сте дома. На тој начин нам ни останува цела недела да обезбедиме и испратиме компјутери на тие што ќе се пријават.
Со други зборови се надеваме дека ќе се избегнат непријатностите каде пораките се исклучени во одреден период од денот и сте спречени во намерата да аплицирате.
Ве молиме и потврдите кои ги сликате да бидат јасно сликани и да се познаваат вашите податоци. Да повториме и дека други лица не може да аплицираат за вас освен во одредени случаи по претходен договор со нас каде ќе ја оправдате причината.
Веќе знаете и дека сме здружение кое подлежи на закони и секој од вас при прием на пратката е должен да потпише изјава за согласност за користрење лични податоци.
Таа изјава ја изработуваме ние и ќе се наоѓа залепена во коверт на самиот пакет. За било какви нејаснотии ви стоиме на располагање.