Богољуб на своите враобтени им дава 1.000 евра бонус доколку исполнат еден необичен услов

  • By klaster2
  • јануари 26, 2022
  • 0
  • 466 Views

Сведоци сме дека работниците на овие простори не се третирани како што заслужуваат земаат малку а работат многу и ги немаат сите права.

Примерот на Богољуб од Пирот докажува дека меѓу сопствениците на фирми има прекрасни луѓе кои сè уште веруваат во семејните вредности и се подготвени да помогнат.

Сопственик на градежна фирма од Пирот решил на секој работник што ќе добие дете да му даде своевиден бонус од дури илјада евра!

До оваа идеја дошол откако го видел нискиот наталитет во Србија и вели дека е свесен дека парите не се пресуден фактор за проширување на семејството, но секоја помош е добредојдена кога ќе дојде првото дете.

„ Младите кои работат, штом ќе се укаже прилика, се обидуваат да заминат во странство. Сакам да ги охрабрам да останат тука.

,, Ние поддржуваме добри работници, млади луѓе, тоа се луѓе кои штотуку основаат семејство и на кои им е потребна финансиска поддршка. “ изјави Богољуб Миленовиќ за ,,РТС” сопственик на компанија

Милан Стоилковиќ прв во компанијата добил парична помош за своето второ дете. Исидора е родена во октомври, а иако помошта важи од годинава, од сопственикот пристигнал плик со илјада евра.

„Бев изненаден. Знам дека газдата рече дека тоа ќе биде од оваа година. Се чувствувам навистина убаво, пријатно. Се чувствував ценет.

И како работник и како личност ценет, а всушност сфатив дека работодавачот е пред се и основно добра личност, вели вработениот Милан.

Исто така Богољуб како работодавач е познат по тоа што прв во Србија финансиски ги стимулираше работниците да се вакцинираат против вирусот

Реакциите на околината беа различни, но работниците добро реагираа. Сите 80 вработени ги смета за пошироко семејство и има одлична комуникација.

„Можеби овој мој потег влијае некој да слушне, па да помогне на ист начин – дали е толку или повеќе, не е важно. Важно е да им помогнам на младите да имаат семејства, да имаат деца и да останат тука“, објаснува Богољуб.

Тој се надева дека во компанијата ќе има уште многу нови принови. Иако парите не се најважни, тој вели дека многу добро знае дека најдобар работник е задоволен работник.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.