Боби од Ранковце: Живееме 10 души во 16 квадрати, се молиме кровот да не ни падне на глава

  • By admin
  • март 21, 2021
  • 0
  • 8817 Views

Боби Младеновски е млад човек од 38 години кој живее во Ранковце. Со браќата и сестрите живеел во родната куќа од своите прадедовци.

Завршил средно училиште во селото и потоа заминува во потрага на поубав живот во метрополата.

„Од 10 години почнав да пасам овци. Додека завршив основно работев во селото, собирав и камења, се продаваа. После основно со чичко ми почнав да одам во Скопје да работам градежно“.

„Од 13 години бев Скопје и работев градежно се до 22 години, додека се запознав со жена ми. Во Скопје седев под кирија и во тоа време имав 700 денари дневница“

Една пријателка ме запозна со сегашната моја сопругата. Таа има 36 години и е од скопско Љубанци, заедно сме со нејзе 12 години.

„Поради високата кирија, трошоците за превоз и се друго, откако ни се роди и второто дете не можевме да врзиме крај со крај, па решивме да се вратиме во 2009 година во Ранковце“, вели Боби и додава

„Сега понекогаш работам и за 200 денари да купам леп и млеко, приход ни се само 8200 денари што ги добивам за трето дете. Некој ден се случува да немам ни денар, да чкрипи да немаме за леб. Тешко е, позајмувам по 200, 500 денари за да можам да опстанам.

Со оглед на тоа што неговата куќа е на крајот на селото, отсетечна е, до Крива Паланка има и неколку часа. Поради што многу деца не се родени во болница.

„Едно дете е родено овде во куќата, друга пак во возило на Брза Помош. Најтешко ми е кога ќе ги погледнам децата, ми бараат а нема да и дадам“. вели Боби а потоа става акцен на најголемиот проблем.

Немаме ни услови за живот. Само на првите две деца и има купено облека, потоа се е донирана од роди и добри луѓе. Нема каде и да спијат деца. А деца како деца си бараат, најмногу телевизор, книги… а немам можност.

За 10 члена на ден се потребни до 5 до 6 леба, најмалото бебе е 2 месеци. За него нема доволно млеко, не може да цица, па му даваме млеко од кравата на мајка ми и го разредуваме со вода.

Од осумте деца, четири се машки, четири женски од кои половината, односно четири одат на училиште. Вели дека кога има пари става интернет на телефонот за да следат настава, кога нема ништо.

Бобан ја откри најголемата желба која што ја има и која добро би му дошла.

„Имам една желба, да направам барем една мала просторија за да има каде да живеат децата. Ни 10 души живееме во 16 квадрати. Спиеме на три кревети, по три, четири деца на еден кревет.

Се бањаме во кориот, куќата се распаѓа, ми е страв дека кровот ќе ни падне на глава. Да имам градежен материјал, нешто основно, цемент, песок, граѓа, јас сам би ја направил“, вели во емисијата Срце на дланка.

Доколку сакате да помогнете на Боби, истото може да го сторите на 075 808 222.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.