За постарите генерациите името и презимето на Благица Павловска беше синоним за пејачка, музичарка и пред се жена која знае да направи забава. Својата кариера ја започна во делечните 80-тите и почетокот на 90-тите години од минатиот век.
Познатата фолк-пејачка кога се појави на сцената беше позната низ поранешна Југославија, но и во дијаспората.
Благица тогаш изгледаше многу поразлично отколку што изгледа денес, што може да се види и од една стара фотографија што неодамна ја објави еден нејзин колега, а која веднаш стана хит на социјалните мрежи.
Благица Павловска во тоа време важеше за една од најзгодните и најубавите пејачки во Македонија.
Благица својот прв албум „Не можам да те заборавам“ ќе го издаде во 1993 година, а истата е го издаде и албумот „Птичица“.
Павловска во текот на својата кариера настапуваше соло, но и како дел од групата „Четири грации“ каде покрај неа се и познатите македонски фолк-пејачки Адријана Алачки, Росана Тодоровска и Бади Бекир.
Секогаш весела и насменана, подготвена за добра и весела атмосфера. Нејзините песни се без рок на траење, таа успева сите да ги развесели и расположи со своите песни кои ги знаат сите на памет, од најмлади до најстари.
Каде и да настапува таа прави неверојатно добра атмосфера, а публиката секогаш задоволна си заминува од настапите.
Благица Павловска уште со првото нејзино појавување на сцената привлече огромно внимание кај публиката.
Таа беше една од ретките која имаше и глас и стас, а публиката од машкиот пол се топеше кога ја гледаше.
Во текот на вчерашниот ден Павловска објави фотографија од болнички кревет и притоа откри што и се случило:
Најголема благодарност за успешната опер ација на десната раката и третманот на високо ниво на доктор Христов и доктор Талевски
И на мојот животен ангел чувар Др Вики Толевска. Ви посакувам од срце долг живот и многу успешни опера ции и насмеани лица поселе секое вашу успешно животно дело.
Воедно голем поздрав трауматологија и до сите доктори благогсловени од господ и секогаш спреми за спас на човечки живот. Да живее 8 септември, во ена болница и нашата мила Македонија